Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рангирање на инвестициите: За што и колку ќе вложува државата во 2020 година

0
By Нова ТВ on November 26, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со Буџетот за 2020 година, во однос на годинава предвиден е раст на капиталните расходи за 3,8% и тие се предвидени да изнесуваат 383,3 милиони евра. Во новата анализа, „Порталб“ ги рангира капиталните расходи дефинирани во Развојната програма на буџетот – образование, здравство, патна и железничка инфраструктура, одбрана, регионален развој, гасификација, колекторски систем во Охрид и Струга. Еве колку пари и по кој основ е проектирано да се потрошат во буџетската 2020 година:

Служба за општи и заеднички работи на Владата

И во новиот Буџет одвоени се средства за реконструкција на згради на владини органи, па така догодина се издвоени 346.000 евра за оваа намена, додека пак за 2021 година се планирани 508.000 евра.  За Изградба и реконструкција на административни згради на државни органи, Владата за 2020 година проектирала 5,9 милиони евра.

Министерство за одбрана

За модернизација на Министерството за одбрана за 2020 година се планирани 3,6 милиони евра.  За Изградба и реконструкција на објекти и инфраструктура, догодина се издвоени 4,2 милиони, додека пак за 2021 година, Владата планира да потроши 3,4 милиони евра.  За Интеграција во НАТО, во 2020 година се издвоени 29,7 милиони евра, додека во 2021 година е планирано значително зголемување на овој буџет и тоа 55,2 милиони евра.

Министерство за внатрешни работи

За Реформи во полицијата, Владата за 2020 година испланирала 11,6 милиони евра, а за 2021 година буџетот е намален на 5,8 милиони евра.  За Реконструкција и опремување на згради се издвоени 1,3 милиони евра за следната година.

Управа за извршување на санкции

За Изградба, реконструкција и опремување на казнено-поправните установи, догодина Владата издвоила 541.000 евра, додека пак за 2021 за оваа потпрограма се планирани 1,3 милиони евра, што е двојно повеќе во однос на 2020 година.  За Реформи на казнено-поправните установи, во 2020 година се планирани 3,6 милиони евра, додека пак за 2021 година се планирани 7,2 милиони евра.

Министерство за финансии – фукнции на државата

За Регионален развој, догодина се издвоени 4 милиони евра, додека пак за 2021 година не се испланирани средства.  За Рурален развој, во 2020 година се планирани 920.000 евра, а за 2021 година средствата за оваа потпрограма значително се зголемени на 4,9 милиони евра.

За потпрограмата Инструмент за претпристапна помош – ИПА2, Владата догодина издвоила 60,9 милиони евра, додека пак за 2021 се испланирани 81 милион евра.

Министерство за економија

За Гасификација, преку ова мининстерство, догодина се издвоени 1,9 милиони евра, додека пак за 2021 година, Владата не издвоила средства.  За Поддршка на развојот на мали и средни претпријатија, за 2020 година се планирани 564.000 евра, додека пак за 2021 година е планирано зголемување на овие средства на 1 милион евра.

Дирекција за технолошки индустриски развојни зони

За Технолошки- индустриски развојни зони, догодина се планирани 8,5 милиони евра, а за 2021 година се издвоени 10,3 милиони евра.

Фото: охридњуз

Министерство за животна средина и просторно планирање

За Дојранско езеро, догодина се издвоени 782.000 евра, додека пак за 2021 година се планирани 896.000 евра. За Колекторски систем Охрид и Струга, во 2020 година Владата проектирала 2,4 милиони евра, а за 2021 година не се издвоени средства.

Министерство за транспорт и врски

Клучни инфраструктурни проекти, патишта, железница , гасификација , остануваат во рацете на Министерството за транспорт и врски кое котира високо според висината на Буџетот со кој ќе располага догодина. Така, за надградба и реконструкција на управната зграда, во 2020 та се планирани 325.000 евра, додека пак за 2021 година не се планирани средства за оваа намена бидејќи се очекува конечно завршување на објектот. За изградба на социјални станови се издвоени 3 милиони евра, додека пак за 2021 година  2,1 милиони евра.  За

„Проектот за олеснување на трговија и транспорт“ догодина се планирани 2,1 милиони евра, а за 2021 година се бележи значително зголемување и тоа 8 милиони евра.  За локални патишта, за 2020 година се издвоени 4 милиони, додека пак за 2021 година овие средства ќе бидат двојно зголемени – 8 милиони евра.

За Водовод и канализација за општините, Владата за 2020 година проектирала 4 милиони евра, а за 2021 година 2,2 милиони евра. За водоснабдување и одоводна канализација догодина се планирани 7,2 милиони евра, додека пак за 2021 година 5,9 милиони евра.

За еден од стратешките проекти – гасификацијата, за 2020 година се планирани 16,7 милиони евра, додека пак за 2021 година се издвоени 4,9 милиони.

Инвестициите во железница – на агендата и догодина,  за оваа намена планирани 43,1 милиони евра, додека пак за 2021 година се планирани двојно поголеми средства и тоа 70,6 милиони евра.

Агенција за финансиска поддршка во земјоделство и рурален развој

За Финансиска поддршка на рурален развој, за 2020 година се издвоени 13 милиони евра, а за 2021 година 15,4 милиони евра.

Министерство за труд и социјална политика

За изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита, догодина се планирани 1,7 милиони евра, а за 2021се планирани 2,4 милиони евра. За изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица, во 2020 година се планирани 219.000 евра, додека пак за 2021 година 731.000 евра. За потпрограмата Поттикнување на вработувањето, Владата догодина издвоила 1,8 милиони евра, додека пак за 2021 година не се издвоени средства.

Министерство за образование и наука

За Изградба и реконструкција на основни училишта и средни училишта, догодина се издвоени 2,7 милиони евра. За Изградба на училишни спортски сали во основни и средни училишта, догодина се издвоени 8,3 милиони евра.

За Реконструкција на ученички домови, во 2020 година се планирани 243.000 евра, додека пак за 2021 година се планирани 325.000 евра.  За изградба и реконструкција на студентски домови, во 2020 година се планирани 1,9 милиони евра, додека пак во 2021 година се планирани 4,4 милиони евра.

Министерство за здравство

За Реконструкција и доградба на објектите на ЈЗУ во РСМ, во 2020 година се издвоени 3,3 милиони евра, додека пак во 2021 година 4,1 милиони евра. За Медицинска опрема за потребите на ЈЗУ во РСМ, догодина се планираат 4,3 милиони евра, додека пак за 2021 година се планираат 5,6 милиони евра.

За Општа болница Кичево, Владата догодина издвоила 1 милион евра, додека пак во 2021 година се планирани повеќе средства, во износ од 2,2 милиони евра.

За Изградба на нов клинички центар во Скопје и Штип, за 2020 година се планирани 13,2 милиони евра, додека пак за 2021 година се бележи значително поголемо планирање на парични средства и тоа во износ од 62 милиони евра.

Агенција за вработување

За Поттикнување на вработување, Владата догодина планира да издвои 21,3 милиони евра, додека пак за 2021 година се испланирани 20,4 милиони евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

81 година слободно Скопје

ВЕСТИ November 13, 2025

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и…

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.