Тврдокорните преку соопштение бараат оставка од нивните претседател и потпретседател, кои ги именуваат со иницијали како “лицата Д.У. и В.М.”, поради тоа што “во последниот период двајцата отворено почнуваат да искажуваат партиска пристрасност и да не ги почитуваат одлуките на Советот”. Соопштението прецизира дека и “двајцата се членови на ВМРО-ДПМНЕ”. Овие двајца лидери на здружението”не се откажале од партиските директиви”, велат Тврдокорните.
Д.У. и В.М. се привремени вршители на должност претседател и потпретседател па и двајцата “во последниот период двајцата отворено почнуваат да искажуваат партиска пристрасност и да не ги почитуваат одлуките на Советот”.
Според оваа соопштение, двете лица “работејќи самостојно сакаат да го злоупотребат здружението за сопствено докажување во партиските кругови” а тие “надвор од партија досега немале ниту една друга позначајна патриотска активност” а “во идеологијата на Тврдокорни нивното учество е блиску до чиста нула” а тие се “мала партиски сервилна група”.
Како доказ во соопштението е додена и слика на едното лице сликано со екс премиерот Емил Димитриевски направена најверојатно на прославата на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ.