Нови 68 милиони денари или 1,1 милион евра ќе се потрошат за доградба на објектот на Владата. Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија вчера распиша тендер за изведба на тераса со посебна заштита и кровна проодна тераса. Со овој тендер вкупната вредност на перобразбата на објектот на владата достигна 11 милиони евра. Градежните компании можат да ги доставуваат своите понуди најдоцна до 17 Јули.