Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Распишани јавни повици за давање под закуп земјоделско земјиште до три хектари во 34 региони

0
By Marta Pesevska on January 10, 2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека се распишани четири јавни повици за давање под закуп земјоделско земјиште до три хектари во 34 региони во 878 катастерски општини.

Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост се: подигање долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии, за период до 30 години, подигање долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање маслинарници за период до 50 години, одгледување други земјоделски култури и за поставување пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за одгледување брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште на над 700 метри надморска висина за периодот до 30 години и рибници до 20 години.

Според МЗШВ, преку четирите повици се опфаќа земјоделското земјиште во сите села низ државата, односно опфатени се овршини вон градско подрачје. Право на учество имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица, а рокот за поднесување апликации е 30 дена од денот на распишувањето на јавните повици.

Јавниот повик бр.01/23 опфаќа 11 региони (Гостивар, Тетово, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Кисела Вода и Чаир), со објавени 246 катастерски општини. Кај вториот Јавен повик бр.02/23 опфатени се 10 региони (Берово, Пехчево, Битола, Македонски Брод, Валандово, Виница, Гевгелија, Прилеп, Штип и Велес), со објавени 206 катастерски општини. Јавениот повик бр.03/23 опфаќа 13 региони (Делчево, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Струмица, Пробиштип, Радовиш и Гази Баба), со објавени 344 катастерски општини. Кај четвртиот Јавен повик бр.04/23 опфатени се 7 региони (Кавадарци, Росоман, Неготино, Валандово, Делчево, Виница и Гевгелија), со објавени 82 катастерски општини. Овој јавен повик се однесува за доделување на земјоделско земјиште на кое веќе има подигнато долгогодишен насад и на кое можат да аплицираат сопствениците на тој насад со цел да го регулираат правото на користење на тоа земјиште.

-Нашата цел сите овие години е секоја обработлива земјоделска површина да ја ставиме на располагање на земјоделците и во функција на производство на храна. Тоа го потврдуваат резултатите од претходните години. Лани преку повеќе огласи на располагање ставивме нови 6 406 хектари обаботливо земјоделско земјиште, а во 2022 година над 14 000 хектари земјоделско земјиште за обработка на житни култури, подигнување долгогодишни насади и производство на сточна храна. Земјоделското земјиште денес преку транспарентна постапка, а не преку непосредни спогодби, завршува во рацете на вистинските земјоделци за производство на домашна храна, наведува МЗШВ.

Заинтересираните земјоделци повеќе информации за повиците можат да причитаат на веб страницата на МЗШВ: https://www.mzsv.gov.mk/ListEvents.aspx?IdLanguage=1&p=1&News=3&IdRoot=1.

Закуп земјоделско земјиште МЗШВ оглас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.