Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Расправата во завршна фаза, на полноќ ќе се гласа „за“или „против“Тодоров

0
By Менче Атанасова Точи on December 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Интерпелацијата за министерот за здравство Никола Тодоров која ја поднесе опозицијата влегува во завршна фаза. Кај пратениците има нервоза по 11 часа поминати во собраниската сала во која се одвива расправата за оставка на Тодоров. По паузата и консултацијата на претседателот на Собранието на Трајко Вељановски со координаторите на двете партии , на говорница излезе Рената Десковска.

„ Не слушнавме ништо од министерот освен занаетчиско- градежни работа во болниците. Во здравството има системски проблем. На крајот на денот да потсетам на министерот за здравство во Црна Гора кој за едно починато д ете си даде оставка, по пожарот во дискотеката во Романија министерот си даде оставка, само министерот Тодоров не си поднесе оставка за повеќе смртни случаи, за штетниот тендер „Визарис“. Пред неколку години тој исто така не си поднес е оставка заради негативната оценка на Државниот ревизорски извештај. Денеска моите колеги изнесоа многу и причини зошто треба да си замине Тодоров. Зошто пристапот до примарна заштита е намелен за 80 проценти, зошто здравството е во хаос. Наместо тоа Тодоров ќе биде запаметен што по судски пат забрани штрајк, а потоа со најстрашни методи се пресмета со лидерот на тој штрајк.Тој ги уништува противниците, тоа е класичен сталинизам, рече Рената Десовска од СДСМ.

На говорницата реплицираше министерот за здравство Тодоров.

„Почитувана пратеничке дали за вас е градежно- занаетчиска работа државната кардиохирургија или детската кардиохирургија, новиот акцелератор, интервентната кардиологија, намалувањето на цената на лековите . Дали е занаетчиска работа што е изградена нова болница во Козле или реконструкцијата на болницата „8 септември„ или гасификацијата на Клинички центар. Не е, но вие мора да нападнете по секоја цена. Оној Центар Мумбао е најрелевантен за вас за статистика, тоа се всушност нерелевантни истражувања. Македонија е на 16 место во Европа, реплицираше Тодоров.

„Зградите не ги лечат пациентите министре , вие сте без идеја, набавувате опрема по повисока цена, без план, а вас ви е важно само да имате тендери, реплицираше Десковска.

Ѓорѓи Коџобашија од ВМРО ДПМНЕ рече дека Влада на ВМРО ДПМНЕ воведе реформи и тоа е приоритет .

„Состојбите не се розови но оваа Влада вложува многу. Вие вложивте едвај 4- 5 милиони евра за реконструкција. Во Велес во време на СДСМ немаше специјализации,а сега има 26 специјализации, има набавена апаратура“, рече Коџобашија.

„Немојте да заборавите дека сте 10 години на власт, па не е успех ако сте реновирале згради. Вие имате системски пропусти, треба да се исправи таа системска грешка, а вие браните еден неуспешен министер. Жал ми е што наместо министер за здравство имаме министер за смрт, а долговите се се поголеми во здравството“, реплицираше Десковска.

Во обрана на министерот се јави и пратеникот Андон Чибишев.

„Очекував посуштинска дискусија на толку проблеми во здравството. Го критикувате министерството за здравство, погледнете го регистерот за опрема. Во последните 4 години е набавена најсовремена опрема. Не е точно дека примарната заштита не е достапна, а државната кардиохирургија е реалност, рече пратеникот Андон Чибишев од ВМРО ДПМНЕ.

„Да морам да се сложам дека има проблеми во здравството како што рековте, а суштински проблем е кога ќе почине дете, кога ќе почине родилка, рече Десковска.

Таа го запраша Тодоров каде е Клиничкиот комплекс, таму се уште стои само дупка откако пред две и пол години беше урната старата зграда на гинекологија.

Расправата продолжува до полноќ кога треба да се гласа за или против оставка на Тодоров.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.