Утревечер од 18 до 20 часот нашите фудбалери ќе играат против Исланд пред најмалку 17.000 навивачи и ќе ја имаат нивната безрезервна поддршка.
Нема веќе билети за утрешниот меч Македонија – Исланд, за историскиот меч по кој можеме да бидеме во баражот за пласман на Мундијалот во Катар 2022.
И влезниците што вчера беа пуштени дополнително за трибините Исток и Запад во Арената „Тодор Проески“ се веќе распродадени, па утревечер од 18 до 20 часот нашите фудбалери ќе играат против Исланд пред најмалку 17.000 навивачи и ќе ја имаат нивната безрезервна поддршка.
Според протоколот за ковид-19, влезници за само половина од капацитетот на Арената можеа да бидат понудени на продажба.