Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Расте бројот на психички растројства – чарето е во отворање на центри за помош

0
By НОВА ТВ Balaban on July 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Млади луѓе, за жал. сè почесто посегнуваат по својот живот. Последната трагедија што се случи пред три дена во Штип, кога се самоубија прво 25-годишно момче, а нецели 24 часа потоа и неговата 22-годишна девојка, односно вереничка, ја потресе јавноста не само во Штип, туку и во целата земја – граѓаните, особено родителите се исплашени и се прашуваат како и кога да се побара помош, како на лицата кои имаат такви суицидални намери блиските да се обидат да ги спречат во намерата, кога да побараат психијатриска помош пред да биде предоцна, пред јамката од јажето да биде ставена околу вратот…

Во Македонија се случуваат повеќе од 100 самоубиства годишно во последнава деценија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу самоубиства се случиле во 2012 и 2013 година кога имало по 172 и 170 годишно, а лани 105 лица си го одзеле животот, а 106 во 2019 година. Мажите почесто посегнувале по својот живот од жените.

Психијатрите порачуваат да се отворат диспанзери и центри за превенција и помош, но и 24-часовни С.О.С. линии за помош на граѓаните за преку нив да им се помогне и да се осуетат во намерата да ги извршат овие трагични дела и предупредуваат младите, но и повозрасните да го насочат вниманието на активности, на работа, на дружења, како и на физичка активност.

Истражувањата на Светската здравствена органиција (СЗО) предвидуваат дека депресиите и стресот до 2022 година ќе бидат на второ место, веднаш по кардиоваскуларните заболувања.

Во врска со тоа колку љубовните проблеми се причина за самоубиство, проф.д-р Ѓорѓи Чадловски, невропсихијатар, одговара за НоваТВ:

– Од кога е човекот, оттогаш е и поривот за смртта… Тешко може да се разговара генерализирано за некој случај, треба да се знаат биографии – од кога се знаат двајцата, бидејќи често се случува едниот да има суицидални мисли, а другиот по сугестија да ги прима. Кај адолесцентите сега се и почести самоубиствата, за жал. Се наоѓа некаква пречка во емоционалниот живот, западнале и малку во депресија и сугестијата е: „ако јас не живеам, нема потреба ниту ти да живееш, ќе одиме и двајцата на оној свет каде ќе ни биде поубаво“. Честопати кога се обидуваат, а не успеваат, мислиме дека е нереална заканата за самоубиство, но некогаш, за жал, се остварува намерата – вели д-р Чадловски.

Самоубиството им се чини како единствен излез – сè друго за нив е мрачно! 

Тој се сеќава:

– Порано имавме диспанзери, центри за помош и превенција. Сега не е само поради кризата со ковид-19, туку спласнува кај младите ентузијазмот да се бават со таква работа. Работата во центрите е обично на волонтерска основа, никаде ангажманот не е платен, за да има помош со С.О.С. телефони треба да има 24 часовни дежурства на кои лицата во криза ќе може да се јават и да побараат помош. Лицата кои имаат психички проблеми и им се јавуваат суицидални мисли треба да имаат доверба и да побараат помош и со психотерапија и со фармаколошки пристап да им се помогне и тоа што порано. Инаку, бидејќи тие се наоѓаат во безизлезна состојба, самоубиството им се чини како единствен излез –  сè друго за нив е мрачно! Излезот е во отварање центри за превенција или да има С.О.С телефони. Во Нирнберг во Германија пред многу години имаше голема акција за превенција на самоубиства, во која преку билборди граѓаните се повикуваа да се јават, доколку имаат потешкотии со психичкото здравје – појаснува д-р Чадловски.

Невропсихијатарот предупредува – се измести сè!

– Капиталистичките земји развија центри за превенција, но еве, капитализмот дојде и кај нас – трае борбата за одредени места во општеството, кои се ограничени, а за жал, поврзани често и со политичките партии, па младите некогаш се наоѓаат во безизлезна состојба…често се и без работа. Мора да се насочи вниманието на креативни нешта, на творење, на прошетки во природа, на дружење…Порано имаше многубројни секции каде го поминувавме слободното време, а сега со модерната технологија навидум има поголем избор, но младите се отуѓуваат сè повеќе. И еве за жал, креваат рака на себе и тоа најчесто поради тоа што западнале во депресивни состојби. Мора да се побара помош и кај матичниот лекар прво, а потоа што побрзо и на психијатар за да се обидат лекарите со психотерапија, но и со лекови да го спасат пациентот – порачува д-р Чадловски.

Симптоми – нарушување на сонот, промена во апетитот и тежината

Депресијата може да е нормална, привремена емоционална реакција која често е асоцирана со ситуациони промени и загуби, а може да е проследена со депресивно расположение; ова значи долготрајна, со недели, месеци, емоционална состојба, која е еден од основните симптоми на депресивниот синдром. Може да е и актуелна клинички депресивна состојба, според Упатството за практикување медицина заснована на докази.

Симптомите на депресија делумно се различни кај децата, постарите лица, мажите и жените. Токму променливиот интензитет на депресијата ја прават тешко препознатлива за пациентот и лекарот, а со тоа се создаваат и потешкотии за нејзиниот третман.

Ризик-фактори за депресија се претходна депресивна епизода, депресивни растројства во семејството, негативни животни промени, предиспозиции на личноста, женски пол, рана зрелост или средни години, период по породување, соматски долготрајни болести, сиромаштија, развод, вдовство или живеење сам. И долготрајна невработеност и злоупотреба на алкохол или лекови се  ризик-фактори за појава депресија.

Основните симптоми на депресија се: депресивно расположение, губење на чувствата на задоволство и интерес, замор, губење на самодоверба и самопочит, неразумна самокритика или неосновани чувства на вина, повторувачки мисли за смрт, самоубиство или суицидно однесување, недостаток на иницијатива, чувства на нерешителност или неспособност за
концентрација. И психомоторна забавеност или возбуденост, нарушување на сонот, промена во апетитот и тежината може, исто така, да се симптоми на депресија.

Љубица Балабан

 

 

депресија Ѓорѓи Чадловски љубовни проблеми Самоубиства Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.