Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Расте бројот на специјалисти, имаме 201 нови доктори на науки и околу 2.000 магистри

0
By Biljana on March 26, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот завод за статистика информира дека во 2021 година звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1.976 граѓани на Македонија, од кои 1.727 или 87,4% се магистри и 249 или 12,6% се специјалисти.

Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2020 годинa, е зголемен за 12,4%.

Учеството на жените магистри во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки во 2021 година е 59,6%.

Во 2021 година најголем број од магистерските трудови, 558 или 32,3%, се од областа на бизнисот, администрацијата и правото, 22,2% се од областа на општествените науки, новинарството и информирањето, следуваат инженерството, производството и градежништвото со 15,9%, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.
Магистри 2021
Фото: Државен завод за статистика
Најмногу специјалисти има од Универзитетот „АУЕ-ФОН“, вкупно 86.
Фото: Државен завод за статистика

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година звањето доктор на науки го стекнале 201 лице, што претставува зголемување за 15,5 % во споредба со 2020 година. Најголем број од лицата докторирале во областа на здравство и социјална заштита, 23,4%, потоа на општествени науки, новинарство и информирање докторирале 17,4%, следуваат бизнис, администрација и право со 15,9%, уметност и хуманистички науки со 11,4%, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.

115 жени одбраниле докторска дисертација во текот на 2021 година, што претставува 57,2% од вкупниот број лица што докторирале во истата година.

Најголемиот процент од вкупниот број лица што докторирале, односно 30,8% ја вршат својата професија во образовната дејност.

Завод за статистика магистри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.