Цените на суровата нафта бележат пораст, најголем во изминативе 10 месеци. Главна причина за тоа се настаните во Ирак кои би можело да влијаат врз глобалното производство на нафтата.
Бунтовниците предводени од групата Исламска држава Ирак и Левант го освоија градот Мосул кој се наоѓа во област што е многу важна за транспорт на ирачката сурова нафта. На Њујоршката берза денеска барел нафта достигна цена од 107 долари.
Би-Би-Си соопшти дека единиците на „Исламска држава во Ирак и Левантот“ (ИДИЛ) се прегрупираат за да упаднат во Багдад и дека нивните ударни сили се распоредени на 120 километри северно од пресолнината. Според британскиот медиум, групата запленила мноштво оружје и техника, што биле оставени од ирачаките единици при нивното повлекување.
„Тоа оружје вреди милијарди долари, дадени од САД на ирачката армија, а сега се најде кај терористите“, прецизира Би-Би-Си.