Трговскиот дефицит на Македонија е на рекордно ниво и расте. Аналитичарите сметаат дека до крајот на годината може да достигне и до 1,9 милијарди евра.
Македонија, која се смета за земјоделско земјиште, се повеќе увезува храна, јавува „Ал Џезира“.
На се поголем број од македонските компании им оди потешко со пласирањето на своите производи во странство. Секоја година, извозот се смалува.
Трговскиот дефицит на Македонија во првите шест месеци од 2013 година, достигна рекордни 900 милиони евра, се вели во прилогот на „Ал Џезира“. Некои од експертите веруваат дека дефицитот ќе продолжи да расте.
Расте и увозот на храна во Македонија, земја традиционално позната по своето производство и извозот. Во исто време, Владата до крајот на годината планира да потроши 135 милиони евра на субвенции во земјоделството.
извор: AlJazeera Balkans