Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Разговараме за две нови инвестиции од 300 милиони евра, вели Битиќи

0
By Нова ТВ on February 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зборувајќи за интересот на компании од странство да инвестираат во Северна Македонија, заменикот на претседаетлот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи рече дека само во текот на оваа седмица, во изминатите два дена, остварил средби со две компании кои планираат инвестиции од околу 300 милиони евра.

„Од понеделникот имам состаноци за инвестиција од 300 милиони евра, односно за две, едната се заснова на стратешка инвестиција, а другата се заснова на странска инвестиција. Едната е комплекс на различни работи коишто се поврзани, двете се поврзани со металуршката индустрија, крајни производи во градежништвото. Едната е странска, другата е домашна инвестиција, но зборуваме за сума од 300 милиони евра”, откри вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, во емисијата „Утрински брифинг” на Слободна ТВ.

„Имав на гости странски инвеститор и кога зборувавме за висина на платите рекоа дека ќе вработат 60 луѓе, но со 30 % повисока плата од просечната, нам ни требаат такви инвеститори, кои ќе се приклучат кон владината политика за повисоки плати и кон заштита на секое работно место”- рече Битиќи.

На прашање дали индексот за корупција влијае на интересот на странските компании да инвестираат во нашата земја и за критиките од опозицијата дека некои од странските инвеститори ги раскинале договорите за државна помош, вицепремиерот Битиќи објасни дека станува збор за праведно и правично постапување кон договорените обврски на двете договорени страни.

„За оние странски инвеститори кои не ги исполниле обврските од потпишаните договори, ние не можеме да ги молиме да останат во државата, туку постапивме согласно договорните обврски и одлучивме да ги раскинеме договорите за државна помош. Договорите не се раскинати на барање на компаниите, туку на иницијатива на Владата, на мојот Кабинет и тоа е направено исклучиво затоа што тие компании не ги исполнија договорните обврски од нивна страна. Дел од тие компаниите, кои во дадениот рок од 2 години, не успеале да ја реалираат инвестицијата, веројатно ќе се вратат и ќе побараат нови договори, но има и други нови компании со кои разговараме за реализација на инвестиции во нашата земја”, објасни вицепремиерот Битиќи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.