Во четврток, на малата сцена во МНТ во 19 часот ќе биде изведена претставата „Разговор во четири очи“ по романот на Ингмар Бергман, во која улогите ги толкуваат Амернис Нокшиќи-Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Оливер Митковски, Дарја Ризова, Катина Иванова и Благој Веселинов.
Адаптацијата на текстот е на Тамара Барачков, а продуцент е Томи Салковски.
Главен лик во претставата е Ана Бергман која се соочува со сопствените избори и одлуки, со последиците од животот во мачниот брак, исполнет со тешкотии, со насилство, со чувство на вина и патење.
За режисерката Николиќ, режирањето на овој текст бил вистински предизвик. Според неа, пробите течеле во најдобар ред, а горда е што има шанса да работи со ваква актерска екипа.
Актерката Нина Деан ја има улогата на наратор и го раскажува животот на Ана преку нејзин дневник од минатото.
Продуцентот Томи Салковски од „Скопје филм-студио“ вели дека ова е нивни прв чекор каде што влегуваат како копродукција во театар.