Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Разрешена директорката на Филхармонија, Виктор Илиески е в.д. директор

0
By Нова ТВ on July 28, 2017 ПОЛИТИКА
фото: МКД.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за култура на Република Македонија донело решение да ја разреши Маја Чанаќевиќ од функцијата директор на Националната установа Македонска филхармонија – Скопје. За вршител на должноста директор во оваа установа е назначен Виктор Илиески, член на ансамблот на Филхармонијата.

Од Министерството велат дека дел од причините за разрешувањето на директорката кои биле утврдени од инспекциските служби се дека таа не го усогласила работењето согласно законските одредби и Статутот на установата.

„Директорката на Филхармонијата нема донесено годишна програма за работа на установата за 2016 г. и за 2017 година. Таа делела гратис билети над бројот утврден со Одлуката на УО, при што за свечениот концерт за отворање на новата концертна сала директорката поделила дури 636 гратис билети (од вкупно 960 билети), без прецизна евиденција кому се доделени билетите. За двајца вработени музичари кои според евиденцијата подолг временски период не доаѓале на работа, директорката не презела мерки согласно со Закон и Статут, при што на едниот од нив, за вршење на работни задачи кои не се во описот на неговото работно место, покрај платата, дополнително му исплатила 550.683 денари (бруто). Чанаќевиќ не изготвила решенија за распоредување на вработените на работни места согласно новите акти за систематизација и внатрешна организација на работните места. Трошоците за мобилен телефон и биле над одобрениот максимум, не спровела Директорката не спровела постапката за реаудиција и Филхармонијата нема воведено електронски систем за евиденција на работното време на вработените“, пишува во соопштението на Министерството за култура.

Од таму додаваат дека во најбрз можен рок ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници со цел да се деблокираат институциите и да се обезбеди трансфер на власта. По ова, тие најавија дека ќе распишат конкурс и ќе спроведат постапки за избор и именување на нови директори на националните установи.

Виктор Илиески Маја Чанаќевиќ министерство за култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.