Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции за законот за абортус: Не смее да се дозволи!

0
By Нова ТВ on June 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Не смее да се дозволи изгласување на Предлог законот за прекин на бременоста по скратена постапка, без дебата и без анализа за тоа што треба да се постигне со законските измени, децидни се претставниците на граѓанските здруженија и дел од пратеничките во македонското Собрание.

Според Маринела Тушева од СДСМ новите измени се логично продолжение на владините кампањи против абортусот и со нив се бирократизира правото на негово остварување и се модифицира до тој степен што жената сама треба да се откаже од ова право.

„Целиот овој закон е направен со цел жената да се понижи, при што на подмолен и суптилен начин се врши влијание врз жената за промена на одлуката, вели Тушева.

За пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, со новите измени се создава плодна почва за нелегални абортуси, а министерот си зема премногу надлежности во свои раце.

Формирањето на првостепена комисија и медицинските протоколи, вели Поповска, мора да им се остават на стручните лица.

Од невладините здруженија пак посочуваат дека отсуството на дебата и носењето на важни закони итна постапка е неприфатливо.

„Овој закон праќа порака за неспособноста на жените сами да донесат одлука за тоа како ќе си го уредат животот, дали кога и колку деца ќе имаат“, нагласува Марија Савовска од „Акција здруженска“.

„Ние сме за закон кој ќе понуди подобри решенија за жената од стариот закон, но не исти или полоши од сегашните“, додава Ирена Цветковиќ од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Поднесувањето за барање абортус во писмена форма, задолжителното советување за предностите од раѓањето деца, но и обврската за информирање на брачниот другар пред прекинувањето на бременост со овој закон стануваат големи пречки за остварување на правото на слободен избор на жената, забележуваат граѓанските здруженија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.