Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции: Зошто ДУИ бараше спикер на Парламентот а денес гласаше за Вељановски?

0
By Биљана Секуловска on May 10, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Едногласниот реизбор на Трајко Вељановски за претседател на Парламентот како единствен предлог за оваа функција, но и согласноста на ДУИ и покрај нивните изборни ветувања дека оваа фотелја е резервирана за нив, предизвикува различни реакции кај експертите.

Аналитичарот Мерсел Биљали бара нова политичка партија, која би станала сериозна алтернатива на ДУИ и на ум го има Зијадин Села, затоа што политиката на Ахмети се лажни ветувања.

-Голема е дискрепанцата меѓу ветувањата на електоратот и она што се остварува. Ако правиме симболична компарација што значи јавниот збор во демократијата и кај нас, слободно можеме да кажеме дека се работи за голем неморал, без никаква одговорност се гази она што е ветено.

Пред неколку дена се даваа ветувања и волјата на граѓаните е прегазена. Се бараше консензуален претседател и сега се свртија кон ѕид. Ахмети нема контрола во ДУИ, туку бизнис- криминална група ја држи контролата. Јавно ветија неколку политики: добивање една од трите најзначајни функции во државата, претседател во Собранието, решавање на името и влез во НАТО, како и проширување на доменот на јазикот согласно Уставот. Ништо од ова нема да се добие. Како ќе работат за евро-интеграции?

Доаѓа Самитот на НАТО наскоро, кои евро-интегрции ќе ги понудат? Се работи за големи лаги. Треба да се размисли за сериозна алтернатива, нов субјект, составен од интелектуалци, од невладини организации, група луѓе која ќе претставува сериозен субјект кој би ја срушил оваа структура. Размислувам за Зијадин Села во овој контекст, вели Биљали за НОВА.

Аналитичарот Алберт Муслиу пак, смета дека треба да се почека пред да се донесат заклучоци за ДУИ- да се види договорот со ВМРО-ДПМНЕ за ресорите кои ги добиле. Освен тоа, Муслиу смета дека има простор за делување и во евро-атланските интеграции и можно е Македонија да стане членка на НАТО под референцата ФИРОМ:

-Направија атмосфера на тензични преговори, се создаде таква перцепција дека ДУИ ќе инсистира на неколку работи и во тој склоп беше и претседател на Собранието. И денес да се прашаат ќе биде изговор, дека ова било всушност само едно од барањата на ДУИ, а другите се економските ресори, безбедносните ресори, но за да се види целата слика, треба да се види распределбата на ресорите.

Ако договорот е ист како од претходната Влада тогаш ДУИ потфрлил и причините ќе мора да ги образложат пред избирачите, зошто излегоа со други ветувања. Во заедничкото коминике говорат дека евро-интеграциите ќе бидат примарната цел на новата влада, дека до септември ќе ги завршат НАТО интеграциите.

Доколку ги компарирам со други изјави на кредибилни извори дека со рефренцата ФИРОМ може да се стане членка, па ги споредам со целта од коминикето, многу е веројатен ваков исход- да станеме членка на НАТО.

Во коминиките понатаму се вели дека економскиот развој ќе биде една од главните теми, а токму за тоа говори и инсистирањето на ДУИ за ресорот економија. Конечно, тука е и зацртано и формирање на работни групи, од претставници на двете парти, кои ќе ја следат имплементацијата на договорените проекти.

Инаку, ДУИ ќе ќе мора да ја образложи пред своите гласачи сета оваа галама што ја правеше за инсистирање на подобар договор, како и за добивање на соодветни ресори. Денес излегоа со најава за формирање нова влада, ресорите се договораат, преговорите за ресорите ќе започнат од идна недела. Да видиме со кој резултат ќе излезат. Секторот на економија и финансии им е важен, затоа што не можат да се задоволат само со економија- или треба да ги заменат позициите или да ја земат и таа.

Во безбедносните ресори- бараат или јавна или државна безбедност. Што се однесува до писмото на интелектуалците каде се бара ДУИ да не прифати инфериорна позиција во новата Влада, тоа треба да го покажат со новиот состав на владата. Затоа што сносат одговорност пред гласачите- собраа куфер гласови.

Прашањето на легитимитетот на претседателот и признавањето ќе треба да го објаснат. Да се види што подразбира договорот меѓу нив. Вршење притисок е дел од стратегијата на преговори. Нема уцени, ниту притисоци- во политика има само – постигнување договор или недоговор, а сите други изговори се дел од преговарачката стратегија, смета Муслиу.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.