Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција на ЈП Лајка по изјавата на Орце Ѓорѓиевски: Не ја познава проблематиката иако во повеќе наврати се понудивме за соработка

0
By Marija Todorovska on July 8, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Фејсбук ЈП Лајка
Фото: Фејсбук ЈП Лајка
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 8, 2025 10:53

Реакција на ЈП Лајка по изјавата на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје , Орце Ѓорѓиевски, во која вели дека претпријатието не е ефикасно во справување со проблемот со бездомни кучиња:

Како претпријатие формирано и предводено од тим на активисти со повеќе од деценија исклучиво волонтерско искуство во областа на хуман третман и решавање на проблемот со бездомни кучиња – искуство кое произлегува од лична, етичка и граѓанска заложба – со длабоко разочарување ја примивме неодамнешната изјава на градоначалникот на Општина Кисела Вода, г. Орце Ѓорѓиевски, во која се тврди дека ЈП „Лајка” не е ефикасна во справувањето со проблемот со бездомните кучиња.

Оваа изјава, за жал, јасно демонстрира непознавање на проблематиката, и покрај тоа што во повеќе наврати се имаме понудено за соработка, консултации и координација, како кон Општина Кисела Вода, така и кон ЗЕЛС – каде што г. Ѓорѓиевски е претседател. Ниту еднаш не добивме позитивен одговор, што укажува на сериозен недостаток на волја и интерес за вистински системско решавање на овој децениски проблем.

Проблемот со бездомните кучиња е комплексен и мултисекторски. Решението не лежи во едно претпријатие или една институција, туку бара здружен напор на локалната и централната власт, институции, образовниот сектор и пошироката јавност. Како пример, никаде во изјавата не се споменуваат надлежните институции како Агенцијата за храна и ветеринарство, која има клучна улога во контролата на изворот на проблемот – односно неодговорното сопствеништво, неконтролираното одгледување и продажба на кучиња. Исто така, Министерството за внатрешни работи има надлежности поврзани со надзор и санкционирање на несовесните сопственици, додека општините, меѓу кои и Општина Кисела Вода, имаат обврски и механизми кои досега не ги искористиле.

Во конкретниот случај, Општина Кисела Вода, која има склучено договор со Лајка, според истиот има обврска да уплатува 2.000.000 денари годишно за заловување и хуман третман на бездомни кучиња. Но, од основањето на Лајка во 2021 година, има исплатено вкупно само 1.400.000 денари со што должи 5.600.000 денари што ја прави најголем должник од сите општини во градот Скопје. Па, ако веќе се говори за (не)ефикасност, најнапред треба да се постави прашањето: како очекувате резултати без да ги обезбедите средствата предвидени со договор?

Во делот на ефикасност, го негираме тврдењето дека Лајка не е ефикасна. Напротив – Лајка постапува 100% по сите пријави од граѓаните, организира таргетирани заловувања во сите општини и работи на подигнување на јавната свест преку кампањи, медиумска застапеност и едукации во училишта и градинки.

Само во Општина Кисела Вода, податоците од мониторингот покажуваат дека 71.48% од популацијата на улични кучиња има поминато хуман третман од кои 142 кучиња се успешно вдомени или 25% од заловените се трајно тргнати од улиците на општината – што е показател за доследна и посветена работа и покрај тоа што општината 3,5 години не ги подмирува своите договорни обврски према ЈП Лајка.

Она што е најзагрижувачко е инсинуацијата дека Лајка треба сама да го реши проблемот со бездомните кучиња. Тоа не е ниту возможно, ниту законски очекувано. Лајка може да ја контролира популацијата откако кучињата веќе се бездомни, но не може да спречи создавање на нови бездомни кучиња – за што одговорноста е пред сè на локалната самоуправа и државните институции.

Во последните години, со силна поддршка од граѓаните, јавни личности, компании и дипломатски претставништва, Лајка се етаблираше како позитивен пример за претпријатие кое работи со максимална одговорност, транспарентност и хуманост – кон кучињата, но и кон граѓаните. Тоа не се постигнува со празни изјави, туку со конкретна работа на терен – што секојдневно го покажуваме и за што зборуваат годишните извештаи на претпријатието.

Ги повикуваме сите кандидати за идни градоначалници, особено оние кои досега имале функција со надлежности поврзани со ова прашање, првин да покажат личен и институционален ангажман, а потоа да даваат изјави со кои се дискредитира работа што не ја разбираат или не се потрудиле да ја поддржат.

Ние остануваме отворени за соработка со секој кој има искрена волја и разбирање дека хуман третман и контрола на популацијата на бездомни кучиња е прашање на цивилизациска зрелост и меѓуинституционална одговорност.

бездомни кучиња ЈП „Лајка“ Орце Ѓорѓиевски реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.