Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција на Transparency International по извештајот за извршен увид во Агенцијата за филм

0
By Marija Todorovska on June 20, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Работна група на Министерството за култура во текот на месец април и мај 2024 година извршила увид во работата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Во извештајот објавен овој месец се идентификувани критични недостатоци во примена на законската регулатива, утврдени се слабости во работата на Агенцијата за филм, дефинирани се и активности кои треба да ги преземе Агенцијата за надминување на актуелните состојби и дадени се препораки до Владата за законски измени. Фокус на извештајот е да се обезбеди доследна примена на законската регулатива и примена на принципот на владеење на правото, потиснување на непотизмот, клиентелизмот, неселектизам при постапување и сузбивање на корупцијата.

Транспаренси Интернешнл-Македонија ги поздравува извештајот и иницијативата на Министерството за култура, коешто одлучи јавно и транспарентно да укаже на нерегуларностите коишто се случувале во Агенцијата за филм, но укажува на тоа дека конкретни мерки сè уште нема. Агенцијата има стопирано исплата на средства за веќе потврдени филмски проекти, а од што филмските уметници сè уште се соочуваат со штетни последици.

Поради тоа, а на основа на овој извештај и сите претходни извештаи во врска со проблемите во Агенцијата за филм, ја повикуваме Владата и идниот министер за култура да се посветат на итно преземање на мерки и активности за разрешување на овие состојби, особено имајќи го предвид фактот дека филмските работници се од исклучително значење за промоција на македонските вредности кон надвор, стои во реакцијата на Transparency International.

Интересот на ТИ-М за следење на активностите на Агенцијата за филм произлезе од укажувања од страна на граѓани кои што наведуваа потенцијални неправилности во работењето на Агенцијата за филм, коишто подоцна беа потврдени и од Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупција, како и од Министерството за култура.

Транспаренси Интернешнл-Македонија позитивно го оценува извештајот на Министерството за култура, институција која изреагира по посочени нерегуларности од страна на укажувач.

Ваквите постапки се од исклучително значење за подигање на свеста, а особено кога е во прашање улогата на укажувачите во едно опшество, како една од алатките за сузбивање на корупцијата.

 

Transparency International Агенција за филм реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.