Сирискиот град Кобани кој се наоѓа близу границата со Турција е 40 отсто под контрола на џихадистите од организацијата Исламска држава, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Според сирискиот Центар, исламистите речиси целосно го контролираат административниот регион каде се сместени локалните власти.
Тие го зазеле седиштето на курдските сили за самоодбрана.
Неодамна американскиот претседател Барак Обама изрази увереност дека САД ќе продолжат да напредуваат во борбата против групата Исламската држава.
Обама на состанок со командантите на американската армија изјави дека САД ќе продолжат со воздушните напади во Ирак и Сирија заедно со своите меѓународни партнери.