Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реџепи: Алтернатива ќе одлучува дали е за носење на буџетот и брзи избори или за зголемување на мнозинството

0
By НОВА ТВ on November 12, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
фото: архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива изјави дека од денеска претстојат два големи предизвика – едниот е сите политички чинители да седнат и консензуално да го донесат буџетот за следната година, па да одат на брзи парламентарни избори, а вториот да се прошири мнозинството. Реџепи најави дека партиските тела на Алтернатива деновиве ќе одлучат кои од двете опции е поважна за државата и граѓаните, ставајќи ги во прв план нив, а потоа партиските интереси.

– Ние сме политичка партија која е многу совесна со сите начела и политички предизвци што доаѓаат. Вчера не знам што се случи иако требаше да падне власта. Се случи нешто што можеби демократски е неочекувано, но настаните беа такви какви што беа, и денешниот ден државата го почна со една тешка политичка криза во која што не очекуваат уште потешки времиња особено месецов што доаѓа, со тоа што доаѓаме пред два големи предизвика. Едниот е или како држава или сите политички чинители да седнат или консензуално да го донесат буџетот, па да одат на брзи парламентарни избори или да се прошири мнозинството. Овие денови партиските тела ќе седнат на состаноци и ќе одлучат кои од двете опции е поважна за државата, граѓаните, ставајќи ги во прв план нив а после партиските интереси, изјави Реџепи.

Тој верува дека одлуката што ќе ја донесат како партија ќе биде во интерес првенствено на државата и на граѓаните, па потоа може да се зборува за партиски интереси.

Според пратеникот на Алтернатива, пред партијата да донесе каква било одлука ќе се разгледаат многу фактори, но меѓу најважните, како што рече, бездруго е меѓународниот фактор, но има и внатрешни фактори со кои треба да се координираат.

– И за брзи избори, па и за зголемување на парламентарното мнозинство. Верувајте одлуката ќе биде донесена согласно сите фактори и чинители во државата и со меѓународната заедница без некои конкретни гаранции бидејќи гаранциите не се чинители, туку чинители се начинот на кој ние комуницираме со сите, рече Реџепи.

За да има условно кажано брзи избори, опозицијата, според него, треба да помогне буџетот да помине, со консензуален договор.

Пратеникот Реџепи не знае каде е или каде бил неговиот колега од Беса Кастриот Реџепи, но смета дека за тоа што се случи вчера некој мора да сноси одговорност, или Реџепи или власта.

-За мене лично како човек зборувам тоа беше потег кој не оди на честа на власта или пак нему. Некој мора да сноси одговорност за начинот како е претставена демократијата во Македонија вчера. Или тој или власта. Ако тој имал став дека не сакал да го поддржи ова мнозинство што ние го имавме вчера требаше на прес-конференција утрото или ден порано да излезе и да каже „го повлекувам потписот“ и „не ја поддржувам иницијативата“ и точка. Немаше потреба да предизвика демократска неправда или демократска криза во државата. Некој ќе сноси одговорност или тој или тие што дозволија вака да се донесе ситуацијата, рече Реџепи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.