Пратеникот Кастриот Реџепи во гостувањето на ТВ21 кажа дека на денот кога требало да се гласа недоверба на Влада, бил засолнет кај пријател.
-Мораше така, затоа што имаше голем број на закани. Се засолнив кај пријател со семејството. И мајка ми беше со мене. И се јавив на ќерка ми, која живее во Данска, и кажав дека така мора да биде и дека телефоните ќе бидат исклучени“, вели Реџепи.
Реџепи исто така посочи дека физички не спие мирно, но пак духовно да.
-Мирна ми е душата. Знам какви ми се убедувањата и знам каква одлука донесов. Затоа спијам мирно. Имав и имам сериозни закани, но не им се плашам. Оваа држава мора да оди напред!, порача Реџепи.