Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Редици заинтересирани пред вратите на Куба

0
By Нова ТВ on July 27, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сторија на сервисот Дојче Веле на македонски јазик

Пред неколку дена во посета на Куба беше кинескиот претседател Си Џинпинг. И тоа не само во Хавана, туку и во „херојскиот“ град Сантијаго де Куба, каде на 26.07.1953 година започна кубанската револуција. Кина планира таму да учествува во изградбата на пристаништето. „Но, Си не го дочека „Денот на револуцијата“. Социјалистичкото побратимство во кинеската надворешна политика веќе не игра никаква улога. Сега станува збор за природни ресурси, трговија и геополитичко влијание. А во оваа намера Кина не е единствена.

Долго време Советскиот сојуз ја поддржуваше Куба како истурена позиција пред американскиот брег. Но, со Варшавскиот пакт пропадна и кубанската надворешна трговија и приливот на девизи запре. Кон крајот на 90-те години улогата на побратимска држава, која притекнува напомош со пари ја презеде Венецуела со доаѓањето на Хуго Чавез на нејзино чело. Но, по смртта на Чавез, со сегашниот претседател Никола Мадуро, земјата и самата е зависна од помош однадвор.

Се чини, патот за нов „мецена“ е слободен. Со оглед на економската состојба на Куба, нејзе тој и‘ е вистински потребен, зашто земјата спаѓа во најсиромашните во регионот. Просечната месечна заработувачка на државните службеници, кои сочинуваат 90 проценти од работоспособното население, според официјалните бројки изнесува 15 евра. Невработеноста расте, ситуацијата со прехраната на народот е тешка, а прогнозата за порастот на економијата за 2014 година изнесува 1,4 проценти. Девизи земјата заработува првенствено со извоз на шеќер, тутун и медицински услуги, односно лекари кои режимот ги „изнајмува“ во странство. Бојазливите реформи кои Раул Кастро ги иницираше во 2008 година и натаму не покажуваат резултат.

Никакво чудо, затоа што реформите се чиста шминка, смета кубанскиот економист Елиас Амор од опозициската партија Либерална унија на Куба:

„Режимот на Кастро сака само да купи време“. Време, додека да се појави нов „мецена“. Рускиот претседател Владимир Путин навистина во еден замаф и‘ отпиша на Куба 90 проценти од долговите од советско време, 26 милијарди евра. Но, тоа е чиста симболика, прифаќање на реалноста, вели Кубанецот во егзил, Амор: „Куба никогаш не ја сметаше Русија за доверител и со децении не ги плаќаше ратите“.

„На Русија во моментов и‘ е важно со активно присуство во нивната заднина да ги вознемири Американците“, смета политикологот Гинтер Мајнхолд од Катедрата Хумболт во Мексико. Во тоа е убеден и кубанскиот адвокат и дисидент Рене Гомез Манцано: „Русија се надева на неограничена поддршка на Кастро против САД и Западот. Во кримската криза и украинскиот конфликт сметката речиси беше точна“.

Но, Куба не може да хо прехрани своето население со антиамериканско сојузништво. Така, потрагата продолжува. Сепак, се чини дека времињата на подароци се минато. Новите интереси се во форма на инвеститори, а не поддржувачи.

„Кинезите се премногу прагматични за да ја финансираат власта на Кастро“, вели Гомез Манцано. И навистина, се чини дека Кина, исто како и Бразил, се надева на идно отворање на Куба, барем економско: Бразил гради пристаниште во близина на Хавана од речиси 700 милиони евра. Кина вложува десетпати повеќе во нафтена рафинерија. На почетокот на неделава кинескиот претседател Си Џинпинг при својата посета на Хавана најави натамошни инвестици, меѓу другото пристаниште во Сантијаго де Куба.

„За Кина како трговска сила новите пристаништа се од интерес, во нив можат да бидат претоварувани, бродовите кои не можат да влезат во американски пристаништа“, објаснува Мајнхолд. Кубанецот Гомез Манцано оди и чекор натаму: „Можеби се надеваат дека Обама на крајот на својот мандат ќе го укине ембаргото кон Куба, па ќе можат да водат добри бизниси на Куба“.
Американското ембарго кон Куба постои над 50 години и им забранува на американските фирми да вршат трговија со Куба. Но, се чини дека доаѓа до промени.
„Кубанците сакаат односи со САД, затоа не сакаат да бидат третирани како сателит на Русија“, верува политикологот Мајнхолд.
Првото приближување меѓу Куба и САД беше при комеморацијата за Нелсон Мандела: Барак Обама и Раул Кастро си подадоа рака. Воспоставување односи со САД е можно, рекол Кастро, но не може да се преговара околу кубанскиот систем.
Уште колку долго режимот на Кастро тоа ќе може да си го дозволи, не е јасно. Кина не е позната по тоа што своите трговски партнери ги притиска на поголема демократија, но ниту по подароците. Бразилска влада, од внатрешно-политички причини, не може да си дозволи да го финансисра режимот на Кастро, додека на луѓето дома им требаат училишта. А браќата Кастро можеби и не сакаат се‘ да стават на една карта-Русија. Значи, нов „мецена“ не е на повидок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.