Во последните 24 часа се направени 4.370 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19 од:Кичево – 6, Скопје и Тетово – по 4, Прилеп – 2, Битола, Велес, Дебар, Куманово и Охрид- по 1.
Регистрирани се 7 оздравени пациенти од: Скопје – 4, Кичево – 2 и Струмица – 1. Пријавено е 1 починато лице: од Куманово (72г), во болнички услови. Досега во земјата се направени вкупно 831.031 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.528, бројката на оздравени пациенти е 149.619, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 438.