Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

 Река: Не може да се чека уште 20 години за Албанец да биде претседател на државата

0
By Нова ТВ on April 5, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 5, 2019 22:14

Кандидатот за претседател Блерим Река вечерва на конвенција во Дебар нагласи дека е време и Албанците да имаат претседател на државата. Тој во присуство на лидерите на Алијанса на Албанците и БЕСА, Зијадин Села и Билал Касами, истакна дека има пет клучни приоритети за развој на државата, а 21 април е плебисцит за Албанците во Република Северна Македонија.

-Ние говоревме само за мултиетничко општество, а треба да говориме за мултиетничка држава. Тоа треба да се случи на 21 април, тоа е прв приоритет. Албанците не можат да бидат само аморфна маса и да се статистичка нација. Тоа е неприфатливо така што е голем приоритет да се надмине овој проблем, потенцира Река.

Мој приоритет, посочи, е и НАТО.

-Македонија веќе е сигурно дека ќе стане членка на Алијансата. Некој се обидува да ме прикаже како политичар кој сака да спречи влез во НАТО, тоа не е вистина. Треба да се поздрави Преспанскиот договор, бидејќи и јас се залагам да има нула проблеми со соседите. Многу е добар договорот со Бугарија, а треба да се решат проблемите со Србија. Македонија никогаш немала проблеми со Албанија и Косово. Албанците надвор и внатре се за стабилна Македонија и регион, јас тоа само ќе го продлабочам. Треба да се надмине проблемот на исчекување за уште 20 години за Албанец да биде претседател на државата, рече Река.

Претседателот на Алијансата на Албанците Села пред дебарчани истакна дека македонските партии било тоа да е СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ постојано се помагани од сервилни кои се во владите од 2002 година.

-Тие во владата се од условени интереси, а на Албанците сега им требаат чисти Албанци. Албанците овој пат одлучија да гласаат за Албанец претседател на државата кој е комплетна личност и заслужува да биде претседател на Република Северна Македонија. Доста беше давање на поддршка на оние кои се во политиката од големи интереси за себе и при тоа се дел од услугите за УДБА, а во политика се за да избегнат проблеми со законот. Веруваме дека на 21 април конечно Албанците ќе гласаат за Албанец, посочи Села.

Лидерот на БЕСА Касами истакна дека конечно Албанците имаат свој кандидат за претседател.

-Тој е независен и ги соедини партиите од албанската опозиција. Очекуваме сите Албанци да гласаат на 21 април за Река кој е најдобар кандидат. Едниот кандидат дури не ги побара гласовите на Албанците, а другиот, пак, не проговори албански, а ги сака гласовите, рече Касами.

На Конвенцијата како Река така и Села и Касами најавија сигурна победа за градоначалник на општина Дебар на д-р Арбен Аголи, кој е од редот на Алијансата на Албанците.

-Аголи е најдобро решение за градоначалник, порача Села.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.