Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рекламократура

0
By Marija Todorovska on December 30, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Ем трошиме време, ем не експлоатираат правејќи профит од рекламирачите кои ја користат платформата за да не таргетираат нас – како потрошувачи.Така што, илузија е дека времето поминато на социјални мрежи е наше „слободно време“ и дека е бесплатно.

Жарко Трајановски
Пред неколку дена прочитав во Forbes дека сега имало најмногу милијардери – 2,781, а две третини од нив станале побогати од лани. Најбогатите 20 се збогатиле за 700 милијарди долари годинава. Немаше ни збор за сиромашните.
Ако ја погледате листата на Форбс „Милијардери во реално време“, ќе забележите дека мнозинството се луѓе кои поседуваат комуникациски технологии и мрежи или на некој начин го стекнале своето богатство благодарение на комуникации и интернет.
Убедливо најбогатиот човек на светот ем поседува социјална мрежа, ем продава сателитски интернет во повеќе од 100 земји во светот.
Вториот најбогат човек е сопственик на технолошка компанија која се занимава не само со е-трговија, туку и други комуникациски услуги.
Трет најбогат е сопственик на софтверски гигант, а четврт е сопственик на социјална мрежа со најмногу корисници во светот.
На шесто и седмо место се милијардери поврзани со главниот интернет пребарувач, а до 20 место има уште неколку милијардери поврзани со оперативни системи и други (теле)комуникациски технологии.
Очигледно, живееме во време кога мнозинството Земјани поминуваат значителен дел од животот на интернет и социјалните мрежи, остварувајќи секојдневно стотици, ако не и илјадници комуникации и интеракции.
Сопствениците на социјалните медиуми денес профитираат од нивните корисници, слично како што профитираа од рекламирање на производи или услуги сопствениците на традиционалните медиуми (весници, магазини, телевизии, радија…). Со таа разлика што претходно корисниците на медиуми ем плаќаа за да имаат пристап до медиумот, ем беа експлоатирани како „таргет публика“ за рекламирање. Во современата форма на рекламократија (може да ја наречеме и рекламократура), ние корисниците главно плаќаме пристап до интернет, но пристапот до социјалните мрежи ни е „бесплатен“.
А воопшто не е „бесплатен“. Ем трошиме време, ем не експлоатираат правејќи профит од рекламирачите кои ја користат платформата за да не таргетираат нас – како потрошувачи.
Така што, илузија е дека времето поминато на социјални мрежи е наше „слободно време“ и дека е бесплатно.
Тоа е време кога си го трошиме најдрагоценото – слободното време, за да бидеме експлоатирани како потрошувачи.
Од Фејсбук ѕидот на авторот
Жарко Трајановски Милијардери Потрошувачи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.