ОПМ: Најмногу поплаки од граѓани за технички производи и за бела техника

Податоците на Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) покажуваат дека мобилните телефони и телевизорите се најчеста причина за поплаки на оштетени клиенти во категоријата технички производи, а машините за перење, фрижидерите и инвертерите меѓу белата техника. Како најзастапен производ во домот, на што се пожалиле граѓаните, во текот на минатата година, а за кој се поднесени најголем број поплаки е издвоен и мебелот

Детските играчки се најчесто пријавувани како опасен производ на ЕУ пазарите

Ова се вели во извештајот на Европската Комисија (ЕК) за 2019 година што беше претставен претпладнево. На второ место се моторните возила, пред електричните направи и опреми, високо котираат и козметичките производи и модни парчиња, предупредува ЕК