Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Весникот што објави снимки за „Рекет“ во спрега со радикални десничари и Русија

0
By Нова ТВ on January 28, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Весникот „Ла Верита“, кој ги објави снимките како зборуваат Орце Камчев и Боки 13, а се имплицира вмешаност на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во случајот „Рекет“, се смета за близок до есктремно десничарската партија „Лига“, која ја предводи доскорешниот министер за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини. Весникот според уредувачката политика тежнее кон радикалната десница, а низ текстовите постојано ги напаѓа политичките неистомисленици. Од своја страна пак, екс- министерот Салвини не го крие пријателството со унагрскиот премиер Виктор Орбан, заштитникот на Никола Груевски при криењето во Будимпешта, политичкиот азил и бегањето од затворската казна во Скопје.

Ако се поврзе релацијата на Орбан со Салвини, но и со таа со Груевски, а потоа врската на Салвини со уредништвото на весникот, тогаш е појасно зошто „Ла Верита“ ги објавува снимките, документите и информациите од Македонија и како со тоа сака да и отвори простор за манипулации на ВМРО ДПМНЕ.

Во поширок контеkст радикалната десница се шири и преку Москва. Имено, познато е дека Салвини негува добри односи со рускиот претседател Путин, дури се објави дека Русија финансиски ќе ги помогне партиите низ Европа, со десна ориентација, со цел да се создаде пандан на европските демократии, како еден вид нова Европа со доминација на десничарите.

Неодамна, порталот 360 степени објави дека авторот кој се потпишува на текстовите е Лорис Гајсер, Словенец со италијански пасош. Тој е претседател на Паневропското движење на Словенија, дел од претседателството на меѓународната Паневропска Унија. Заедно со него, во претседателството на оваа организација е и доскорешниот македонски амбасадор во Брисел, Андреј Лепавцов и советник на поранешниот премиер Никола Груевски.

 

Оваа релација на советникот Лепавцов со Гајсер е уште еден податок кој ја расчистува маглата зошто италијанскиот весник е во мисија да скандализира случаи, а на домашна сцена ВМРО ДПМНЕ да ги користи за напад врз власта.

Весникот „Ла верита“ на позицијата главен уредник има контроверзен новинар во ликот на Маурицио Белпјетро, претпоставениот на Гајсер.

Кариерата му почнува во локални медуими во родната Бреша, работел како презентер на италијанската телевизија Канал 5, па се до угледната „Панорама“, но таа му е исполнета и со низа контроверзи и судски случаи против него. Во 2009 година, Белпјетро е правосилно осуден за клевета на доктор во случајот на познатиот италијански активист, уметник и политичар Пјерџорџо Велби. Истата година, тој е под истрага во Јавното обвинителство во Рим за  клевета и навреда на тогашниот Претседател на Италија, Џорџо Наполитано.

Истата година, заедно со Роберто Сандало (поранешен член на паравоената организација Прима Линеа) е осуден за клевета и претставување на лажни и измислени информации како вистински, односно пренесување на интервју на Сандало во кое клеветат луѓе за напади на верски објекти и убиства. Во 2011 година, Белпјетро повторно е предмет на истрага, овојпат на Јавното обвинителство во Милано за изречена тешка клевета и навреда на претседателот на Италија, Џорџо Наполитано. Во 2015 година, нему заедно со  колегата Џанлуиџи Нуци им е определен притвор од 10 месеци за тешка навреда.

Весникот „Ла верита“ излегува за првпат во 2016 година, во споственост на „Ла верита СРЛ“ друштво со органичена одговорност, каде што не се знае потеклото на основачкиот влог, проценет на два до три милиони евра.

Целиот овој состав на личности и релациите помеѓу нив го отвораат сомнежот како „Ла Верита“ се најде во фабриката за лажни вести.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.