Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Религиозниот транс на Наќе Чулев

0
By Биљана Секуловска on May 9, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Величенствено е чувството да се види таа моќна црковна литија во Струга, каде голем број на свештеници и стотици граѓани маршираа како да го родиле одново светот. Како надземниот свет да ги одбрал нив да го воспостават новиот поредок, како да се реинкарнација на апостолско движење, со ореол на главите, тие се светците кои покорно ги чекавме да не избават од оваа агонија.

Тие ја одбраа бесмртноста и божјиот пат, наместо стравот од Короната и почитта кон мерките- како почит кон сиот останат свет.

Лесно им е нив, погледнете ги само колку се безгрижни и незаинтересирани за се што не ги допира, вопшто не се, а зошто и би биле? Тие одамна изгубиле чувство за кој било, тие го следат само својот внатрешен глас, тие се семоќни, тие се самите богови.

Тие ги следат божјите заповеди, светоста на молитвите и религиозниот транс, за нив не важат овоземските закони. Нив никогаш нема да ги погодат санкциите и казните кои ни се строго сервирани само нам, неверниците, еретиците, атеистите.

Тие се причестуваат и на Велигден со едно лажиче, нив ги чува лудоста, тие се имуни на чесниот пристап, разумноста, солидарноста, емпатијата, тие се непобедиви во глупоста и безобразлукот. Додека околу нив сите паѓаат ничкосани, се разболуваат, умираат, страдаат и остануваат без леб, некои ја изгубиле работата, некои се изгубени и очајни без своите што не можат да ги видат, само за да ги заштитат, додека сите седиме дома за да не дозволиме да ни се случи Италија, или Шпанија, или Белгија, или Британија,  додека докторите ги губат буквално своите животи да не спасат, сите парализирани во немоќта, тие и се потсмеваат на смртта која е посеана насекаде во светот.

Тие се власта во оваа држава, никој и не верува дека има и друга власт, истата онаа која си ги  извади сопствените очи и не сакаше да знае и да го гледа лажичето кое го делеа, кое со сласт си го подаваа во велиденскиот религиозен обред.

Тие се племето кое ја води оваа земја, каде само примитивизмот е на цена. Полицијата под палката на министерот Наќе Чулев само ги следи нивните заповеди, тие и наредуваат, тие се командната единица која пука во нас, тие се оние кои му се смеат на светот, му се подбиваат и се подигруваат.

Затоа што се им е дозволено, затоа што ништо ним не им е забрането. Величенствени се тие, тие се најмоќната каста во оваа земја. Колку повеќе и погласно и подолго говори Венко Филипче за тоа како е потребна истрага за нивното однесување, толку побескруполозни стануваат тие.

Тие, заштитени, помилувани и поддржани од полицијата, од Чучев, која сопствената функција ја разбира како средство за снимање и парадирање во спотови, како врвна манифестиција на моќта, како предвесник на полициската држава, ако ВМРО-ДПМНЕ се врати на власт. Нашите сограѓани муслимани сега најавуваат дека ќе ги отворат и тие своите религиозни објекти, џамиите, но и нив никој не може да ги спречи ако решат да одат по истиот пат како нивните христијански браќа.

Величенствена е оваа земја, каде владее пактот на религиозниот транс на полициската чизма, никогаш и никаде помоќна и позастрашувачка.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.