Професорката Фросина Ременски, поранешен продекан за настава на Факултетот за безбедност и поранешен пратеник, во гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21 говореше за фамозната опремата која требало да дојде на Факултетот, а никогаш никој не ја видел. Поради тоа Ременски поднесува и кривични пријави.
Таа рече дека се фалсификувале одлуки на Факултетот, а исто така во рамките на тој фалсификат се вклучуваат и лица на МВР, кои воедно, се пријавиле како вработени на факултетот, и се раководители на проекти.
„Министерството преку јавен повик ги повикува факултетите кои сакаат да аплицираат. Во рамките на самите факултети, одлучуваат да аплицираат, да изготват елаборати да кажат со какви лаборатории располагаат, со цел истите да ги опремат.
Во факултетот на безбедност, го имате деканот, секретарот и 2-3 лица кои самостојно, си носат фалсификуваат одлуки, за да можат да аплицираат. Во рамките на фалсификувањето на таа службена документација, учествуваат девет лица на МВР, кои се пријавуваат дека се вработени на Факултетот за безбедност и се раководители на истите проекти“, вели Ременски.