Во РЕК Битола се прави ремонт на Блок 1, соопшти утрово компанијата. Во активностите се вклучени вработени на комбинатот и стручни лица од домашни компании.
Заради енергетската криза во државата и Европа, ремонтите на блоковите во РЕК Битола годинава ќе бидат изведени за помалку од 30-тина дена, наместо вообичаените 45 и повеќе. Фокусот е ставен на највиталните делови од постројките кои после техничко-технолошкото освежување треба да обезбедат
стабилност на производството.
Ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола е предвидено да заврши до 15 октомври, по што ќе следуваат исти активности и на Блок 2. Во меѓувреме се очекува да пристигне трансформаторот за Блок 3, по што РЕК Битола би продолжил со работа со полн капацитет.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.