Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реприза на деведесеттите во Србија

0
By Нова ТВ on April 25, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неделникот „Кикиндске“ е основан во октомври 1998 година. 20 години подоцна, овој угледен неделник го објави 1001-от број. Досега преживеале многу притисоци. Тужби, закани, апсења… До правдата стигнале и преку судот во Стразбург. Сепак, денес се соочуваат со најголемите предизвици.

Интервју на „Јужне вести“ од Србија со Жељко Бодроџиќ, основач и уредник на „Кикиндске“.

Дали самите на себе си посакувате и 2001 број?

Тоа е дилема која е навистина голема и во некој момент барем јас сум решил со илјадитиот број да ја заклучиме нашата мисија, бидејќи амбиентот во кој работиме сега е лудачки. Невозможно е за нормална работа. Не се ова деведесеттите, не може по некои работи да се мери со деведесеттите, но таа реприза го убива човекот. Тоа повторно враќање на истите теми, на истите луѓе, на тој говор на омраза кој е секаде околу нас, тој јавен простор кој е загаден со лаги, манипулации и се тоа. Тоа не само што го оптеретува оној кој работи во медиумите, туку го убива во поим оној кој веќе го преживеал тоа. Тоа мене ми е најтешко. Да се решам повторно да имам работа со истите луѓе, повторно да ги раскажувам истите приказни и повторно да укажувам дека тоа што сега се прави води директно во пропаст. Ние имавме задоволство во 2000 година она што го пишувавме и зборувавме да се покаже како точно и на крајот мнозинството граѓани одлучија да го сменат оној режим кој беше лудачки на многу начини, и сега повторно да го поминувате тоа истото, прашање е кој има енергија за тоа? Јас би сакал ние како редакција да имаме повеќе млади луѓе кои ќе го имаат она што сега мене ми недостасува, енергија и позитивно гледање на проблемите. Кога ќе се сетам пред 20 години, на бомбардирањето во 1999-та, јас и кога бевме во незавидна ситуација, и физички загрозени сепак тоа некако полесно го поднесував тоа, не ми претставуваше проблем да се замерам со било кој затоа што знаев дека сум во право. Денес мене тоа навистина ми е заморно и се надевам дека „Кикиндске“ ќе привлече некои млади луѓе кои ќе ја преземат борбата. Навистина мислевме да прекинеме, но сега одлучивме да ја истераме оваа година, особено поради фактот дека локалната власт се воодушеви од нас, што е последица на тоа што во градот нема опозиција. Да постоеја партии кои и опонираат на власта, тие не би имале толку време да се занимаваат со нас. Не би ги употребувале сите ресурси против нас. Би се занимавале со некои демократи, лигаши, овој, оној, но тоа во градот веќе го нема, и она што единствено им пречи е што секој петок излегува „Кикиндски“ и сега нивна главна задача е да не угаснат, како знаат и умеат.

Дали медиумите ја преземаат улогата на опозиција?

Па мораат, кога настана чистилиште. Денешната актуелна опозиција излезе од власта која има многу лошо зад себе, една брутална екипа дојде на власт која нема обѕир кон било кон, тоа можеа да го прават и тие пред нив, но беа многу помеки и понормални, па сакаат да имаат опозиција, оваа екипа сега на власт не сака да има опозиција, и на нас ни се наметнува улогата да бидеме опозиција како во деведесеттите. Тоа е неблагодарна улога бидејќи ве дискредитираат дека се занимавате со политика, дека не сте новинар. Значи, целиот тој амбиент ве тера да заземете страна, овој амбиент направи од нас и да сакаме да бидеме нормални и да сакаме да најдеме две страни, и нашите прилози и текстови да ги обликуваме така да имаме повеќе мислења за да ги презентираме на нашите читатели. Сегашната власт ве тера да пишувате само коментари и осврти бидејќи не сакаат да ви дадат изјава, ве возат со денови, а вие имате рокови во кои треба да завршите. Ако не им се допаѓа нешто во вашиот медиум, дури тогаш започнува игнорирањето на локалните моќници кои замислиле дека можат така да се однесуваат. И тогаш полека се создававаат ровови помеѓу вас кои стануваат се подлабоки и подлабоки, и на крајот навистина во некој момент ќе не отераат сите во политика. Како во 1999-та да се бориме и со нашиот весник против тоа зло, наместо да бидеме луѓе кои ги известуваат своите сограѓани за она што е важно, да пишуваат за работите кои се неопходни да се направат, а за тоа никој да не се лути. Не, тие сега ве претвораат во еден фронт против нив. Е сега колку сме ние воопшто фронт и колку можеме да помогнеме веќе е прашање.

Во деведесеттите „Кикиндски“ мораа да ја бараат правдата пред судот во Стразбург. Дали српските медиуми повторно мораат да бараат заштита од меѓународните судови?

Не знам дали тоа ќе се случи, затоа што методот на сегашната власт е потполно различен. Едноставно тие видоа дека судските процеси не мораат да водат до гасење на медиумите, дека предизвикуваат некое мислење во јавноста дека се непопуларни, бидејќи никој не го сака судот, дури ни ботовите. И смислија друго решение, на секој начин економски да не исцрпат, перфидно, некогаш директно, некогаш индиректно, вие гледате дека тие ви ги затвораат сите канали до огласувачите, гледате дека ве елеиминираат од сите конкурси, гледате дека ги местат локалните тендери за вие да не можете да учествувате, слушате на крајот дека му се јавиле на некој наш огласувач и едноставно се наоѓате турнати во агол од кој не знаете како да излезете.

„Кикиндски“ започнаа краудфандинг кампања, каде поддршка се бара од читателите. Што очекувате од тоа?

Тоа е она што, кај нас многу работи доцнат, и јас можам да кажам дека знам дека постои во светот, знам дека многу мали медиуми во светот така опстојуваат, левичарски особено. Но тоа кај нас не заживеа, и на првото споменување на колегите од Групата за слобода на медумите дека тоа е решение, јас вртев глава бидејќи ние живееме во овој наш паланечки свет во кој тоа е претставено како некоја мислостина или не знам што, наместо да биде позитивна кампања каде луѓето кои го читаат тој весник, пред се кикинѓани, да помогнат на весникот кој вистински ги известува и кој изнесува ставови кои ним им се во полза. И сега ќе видиме, ова треба да биде некој тест за понатаму, да видиме дали можеме така да им помогнеме на некои други мали медиуми од внатрешноста да опстанат, бидејќи ние не сме скапи. Многу од нас се навикнаа да работат со малку пари, многу најдовме веќе резервни професии од кои заработуваме, од кои живееме и ова ни е страст. И поради тоа јас размислував што ќе биде со мене и со луѓето кога ќе го затвориме илјадитиот број, како јас ќе се разбудам тој петок, а тоа утро да го немам весникот „Кикиндски“ пред себе. Значи веќе 20 години секој петок е обележан со „Кикиндски“ во мојот живот, и како ќе можам јас тоа да го преболам. И очигледно победи тоа, луѓето не убедија дека таа акција може да успее, дека постојат доволно луѓе кои можат со малку да помогнат да се направи голема работа.

*„Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.