Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Република Северна Македонија – Претседателски избори 2024

0
By Marija Todorovska on April 5, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во блиц формат НОВА ги претставува кандидатите за претседател на Република Северна Македонија на изборите 2024.

На листата пријавени и утврдени кандидатки и кандидати во Државната изборна комисија, а според редоследот со жрепка извлечен во ДИК, во седум последователни дневни продолжувања НОВА ги презентира: 

  1. Стево Пендаровски;
  2. Гордана Силјановска Давкова;
  3. Стевчо Јакимовски;
  4. Бујар Османи;
  5.  Билјана Ванковска Цветковска;
  6. Арбен Таравари;
  7. Максим Димитриевски.

Република Северна Македонија – Претседателски избори 2024

6.Максим Димитриевски

Максим Димитриевски: Флуиден меѓу демократската и етно национална реторика. 

Поранешниот активен и агилен член на СДСМ, Максим Димитриевски, по политичкото разидување со својата матична партија формира прво движење и потоа и своја партија во чие име е кандидат и за годинешниве претседателски избори на „Движење ЗНАМ“ или „За наша Македонија“. 

Димитриевски е  актуелен градоначалник на општина Куманово. Негува остра реторика во однос на поставеноста на Брисел кон барањата за внесување на Бугарите во уставот, „игра“ со национална реторика и  смета дека „ЕУ треба да се преиспита и да се превоспита“. 

Од друга страна пак, ветува европска Македонија во која ќе владее правото, но со црвени линии кон ЕУ. Неговата цел е да се позиционира како центар меѓу двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Неодамна Димитриевски кривично обвинение за злопупотреба на службена положба и овластувања што тој го коментираше и обвини за политички прогон од страна на власта со цедл предизборно да биде дискредитиран.

ОБРАЗОВАНИЕ

Максим Димитриевски е роден на 29 ноември 1975 во Куманово. Основно и средно образование завршува во родниот град, а дипломира на правниот факултет во Скопје. Во 2011 година изработува публикуван труд: „Вкупни даночни приходи и расходи во ЕЛС со осврт на Општина Куаманово“.

Магистрант на тема „Ниско ниво на децентрализација – причина за несоодветен развој на единиците на локална самоуправа во Република Македонија“.

ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Политичката кариера ја започнува како млад активист на Социјал демокртаски Сојуз на Македонија. Во 2008-ма година станува дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател во периодот 2012 до 2016 година. 

Политичката кариера ја продолжува како пратеник во македонското собрание и таму е и претседател на комисија за одбрана и безбедност. 

На локалните избори во октомври 2017-та година станува градоначалник на Општина Куманово, а во 2021-та на локалните избори настапува како независен кандидат и повторно го добива градоначалничката функција.

Максим Димитриевски е сопруг и е татко на три деца.

Избори 2024 Максим Димитриевски претседателски избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
ФОКУС

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

ВЕСТИ October 16, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди на својата социјална мрежа Truth Social дека неговиот разговор со…

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

October 15, 2025
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.