Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Решението за лекување во странство на Тамара семејството го добило вечерва

0
By Менче Атанасова Точи on February 12, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вистински шок преживеало семејството на малата Тамара, кога попладне околу 17 часот во нивниот дом во Велес, стигнало Решение од Фондот за здравство со кое и се одобрува лекување на Тамара во странство. Иронијата да биде поголема Решението е испратено на 11 февруари, два дена откако почина малата Тамара, а одлуката е донесена на 6 февруари, три дена пред да почине.

Потписници на документот се претседавачите на двете комисии, на Првостепена Викторија Чаловска и на Второстепена комисија Анастасика Поповска, како и двајцата директори на Фондот Маја Парнаџиева Змејкова и Џемаил Мехази.

„Гневна сум, поголема иронија во животот немам доживеано. Не и дозволија да се лекува, а сега ја вознемируваат и почината. Што да правам со решението на гробот ли да и го однесам“ со растреперен глас и видно вознемирена вели Жаклина, мајката на Тамара за НОВА.

Дали станува збор за сурова грешка или во Фондот се обидуваат да ги запазат законските процедури во случај на тужба од страна на семејството, останува да се види. На ова прашање НОВА очекува одговор во текот на утрешниот ден бидејќи е доцна навечер, а службите во Фондот не работат.

Откако семејството апелираше за помош во медиумите, министерот Тодоров рече дека ќе се заложи за случајот и вети дека Тамара ќе отпатува на лекување во странство. Но, само усно.

Решението во домот на Тамара стигна вечерва, но премногу доцна, четири дена по нејзината смрт. Ова е Решението испратено од Фондот за здравство со кое се одобрува лекување на веќе починатата Тамара во Турција.






Инаку, откако почина малата Тамара Фондот за здравство ја забрза постапката за уште две деца со тешка форма на деформитет на ‘рбетот кои чекале за лекување во странство. Одлуката Второстепена комисија ја донела на вчерашниот состанок. Нивните родители телефонски биле известени дека имаат позитивно решение и тие во секој момент очекуваат документ по што ќе заминат на операција во Турција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.