Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реслер: Северна Македонија да го искористи моментот во кој прашањето на проширувањето се поставува повисоко на дневен ред

0
By Zoran Ivanov on March 1, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија сега е во една ситуација која треба да се искористи, во едни поинакви геополитички околности кои го поставуваат прашањето на проширувањето повисоко на дневниот ред на некои други институции на Европската унија, не само во Европскиот Парламент, изјави за МИА европратеникот Карло Реслер, кој заедно со Иванка Василевска се копретседавачи на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија.
Реслер, кој беше во Скопје во изминатите два дена заедно со неговите колеги од ЕП членови на Мешовитиот парламентарен комитет, рече дека тие се увериле во преданоста на Северна Македонија на европскиот пат и дека клучната порака на делегацијата што ја предводел била сите да се насочиме кон иднината.
Пред се, нема дилема дека се уверивме во преданоста на Северна Македонија на европскиот пат. Јасно е дека по, практично, две десетлетија како земја – кандидатка, во Северна Македонија се чувствува и фрустрација после цела низа тешки и билатерални прашања кои без никакво сомнение и, во голем дел, разбирливо ја тестира довербата и трпението на македонското општество и тоа е контекстот во којшто сме денеска. Исто така е јасно дека треба и сакаме да се насочиме кон иднината и дека тоа беше клучната порака на делегацијата што ја предводев, која го претставува целиот Парламент и која зборува дека Северна Македонија сега е во една ситуација која треба се искористи, во едни поинакви геополитички околности кои го поставуваат прашањето на проширувањето повисоко на дневниот ред на некои други институции на ЕУ, не само во Европскиот парламент кој е традиционално пријателски настроен и кон Северна Македонија, но исто така и кон прашањето за проширувањето, нагласува Реслер.
Во таков контекст, потенцира тој, сега треба да се искористи можноста бидејќи не е јасно до кога ќе бидат вакви околностите. – А тоа се работи со конкретни резултати, со реформи. Разговаравме и со претседателот на Владата и со претседателот на Собранието, рече европратеникот.

ЕУ Македонија реслер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.