Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реториката на „завршувањето на војните“

0
By Zoran Ivanov on March 9, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 9, 2026 09:57

Ако руските разузнавачки информации навистина им помагаат на иранските сили, тоа би можело да претставува директен ризик за американските војници и нивните сојузници во регионот. Отфрлањето на вакво прашање како небитно или „глупаво“ уште повеќе ја усложнува ситуацијата.

Геополитика без принципи и лојалност

Џабир Дерала

Јазикот на војната често открива повеќе од самите војни.

Кога американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека „ние не ја започнавме оваа војна, но под претседателот Трамп ја завршуваме“, внимателните набљудувачи на Русија ја препознаа реченицата како изненадувачки позната.

„Ние не ја започнавме оваа таканаречена војна. Напротив, се обидуваме да ја завршиме“, изјави Владимир Путин неколку години претходно, по руската инвазија врз Украина.

Сличноста во реториката е вознемирувачка. Таа покажува колку лесно политичкиот јазик во време на војна може да се користи за префрлање на одговорноста и за легитимирање на употребата на сила. Во демократските општества тоа треба да биде повод за сериозна јавна дебата, бидејќи ваквите формулации ја замаглуваат линијата меѓу поимите на агресија, одбрана и воена интервенција.

Но сличноста на зборовите не значи и еднаквост меѓу конфликтите.

Поважно прашање овде, сепак, не е сличноста во реториката, туку како Кремљ се позиционира во оваа криза — и што тоа открива за геополитичките приоритети на Русија.

Русија води брутална војна на агресија против Украина — обележана со окупација на територии, анексии, масовни воени злосторства и паралелна хибридна војна против демократиите во Европа и пошироко. Конфликтот во кој се вклучени Соединетите Држави, Израел и Иран, колку и да е контроверзен и правно оспоруван, не претставува империјална инвазија со цел трајна територијална окупација — барем не засега.

Замаглувањето на овие две реалности е токму една од омилените пропагандни техники на Кремљ. Во случајот со Иран, меѓутоа, наративот како да оди во прилог на Москва без Кремљ да мора да мрдне ни со прст — барем така изгледа.

Но ситуацијата е посложена. Извори од американските разузнавачки служби тврдат дека Русија му доставила на Иран информации што потенцијално би можеле да помогнат во таргетирање американски бродови, авиони и воени бази во регионот.

Таквата двосмисленост — играње на две табли истовремено — е типична за Кремљ: доволно поддршка за да се одржи влијанието, но без преземање директни ризици.

Русија добро знае дека директна конфронтација со Соединетите Држави би била опасна — особено во момент кога руската воена машинерија веќе е исцрпена од долгата војна во Украина.

Реакцијата на претседателот Доналд Трамп на прашањето дали Русија му помага на Иран беше исто така многу индикативна. Кога новинар го праша дали Москва им помага на иранските сили да ги таргетираат американските воени капацитети, Трамп го отфрли прашањето како „глупаво“, додавајќи дека станува збор за „лесен проблем во споредба со тоа што го правиме“.

Овој одговор отвора сериозни прашања. Ако руските разузнавачки информации навистина им помагаат на иранските сили, тоа би можело да претставува директен ризик за американските војници и нивните сојузници во регионот. Отфрлањето на вакво прашање како небитно или „глупаво“ уште повеќе ја усложнува ситуацијата.

На посебен брифинг во Белата куќа, портпаролката Каролин Левит исто така ја минимизираше улогата на Москва. Таа изјави дека руската активност „очигледно не прави никаква разлика во однос на воените операции во Иран, затоа што ние целосно ги десеткуваме“.

Ако се остави на страна грубиот речник што е карактеристичен за актуелната американска администрација, изјавата сепак кажува и многу повеќе.

Руските разузнавачки информации потенцијално би можеле да доведат до смртоносни загуби меѓу американските војници или нивните сојузници. Да се тврди дека тоа „не прави никаква разлика“ значи или дека ризикот се потценува — или дека политичката реторика повторно го потиснува внимателното планирање и безбедносната логика.

Однесувањето на Москва во оваа криза се вклопува во поширок модел.

Русија често создава впечаток на силни геополитички сојузи, но ретко ги жртвува сопствените интереси за своите партнери. Кремљ ретко — ако воопшто — ги брани своите „сојузници“.

Еден од најилустративните примери е Ерменија — формален руски сојузник во рамките на Договорот за колективна безбедност — која практично беше оставена сама кога Азербејџан ја презеде контролата врз Нагорно-Карабах. Во Сирија, руската поддршка исто така беше внимателно калибрирана — доволна за да се одржи влијанието, но ограничена на она што му одговара на Кремљ.

Русија ги поддржува партнерите сè додека тоа е корисно и релативно евтино. Но ретко жртвува нешто за нив. Поточно, никогаш.

Во сегашната криза, уште еден фактор е особено важен: односите меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп. За Кремљ, подобрувањето на односите со Вашингтон — особено ако тоа значи слабеење на санкциите или намалување на западната поддршка за Украина — има далеку поголема стратегиска вредност отколку демонстративна лојалност кон Иран.

Техеран е партнер. Но не е приоритет. И Путин нема да го жртвува Трамп за Иран.

Од самиот почеток беше јасно дека војната на Блискиот Исток ѝ донесе на Русија одредени краткорочни економски предности. Растот на цените на нафтата генерира дополнителни приходи за руската економија, која и натаму е под притисок од санкции и огромни воени трошоци.

Но тоа олеснување е само привремено. Војната во Украина продолжува да ја исцрпува руската економија и воената машинерија. Ниту една економска придобивка од блискоисточната криза нема да обезбеди доволно ресурси за да се обнови руската воена машина до степен што би ја скршил украинската отпорност или растечката решеност на Европа да ја запре руската агресија.

Во такви околности, стратегијата на Кремљ е јасна: ограничена поддршка за Иран, внимателно избегнување директен судир со Соединетите Држави и искористување на кризата за економска и политичка корист.

За Москва, секоја криза е можност. Оваа логика не ја обележува само постсоветската политика на Русија, туку одразува многу подолга традиција на стратегиски опортунизам во нејзината надворешна политика.

Во денешниот геополитички пејзаж, пријателствата и сојузите имаат многу ограничен рок на траење. Стратегијата на Кремљ се потпира на двосмисленост, двојни игри и пресметан опортунизам.

На крајот, реториката за „завршување на војните“ — што ја користат повеќето големи играчи на глобалната сцена — често открива помалку за мирот, а повеќе за моќта.

Во геополитичкиот прирачник на Кремљ, сојузите се привремени, лојалноста е условна, а кризите се можности. Тоа е логика што лесно може да го надживее и самиот Владимир Путин.

Единствената константа е стремежот кон моќ.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

колумна Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.