Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рецензија, „Чувари на формулата“, режија Драган Бјелогрлиќ: Атомска експлозија од човечност

0
By Ана Василевска on November 14, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Сцена од „Чувари на формулата“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Ана ВАСИЛЕВСКА

Споредбите со филмот „Опенхајмер“ заради тематската блискост можат да бидат соодветни и во силата на реализација и мотивот,  но уште повеќе,  „Чувари на формулата“ успева да го пренесе автентичниот емоционален контекст – по пат на човечка грешка, можеби и научничка храброст и суета се случува хаварија која води неколку млади луѓе во смрт, но токму тогаш се раѓа хуманоста и надежта за живот. 

По вртоглавиот успех со гледаноста на филмот „Тома“, Драган Бјелогрлиќ го стави режисерскиот потпис на филмот „Чувари на формулата (верижна реакција)“ и сосема оправдано повторно ги „стресе “ кино благајните во регионот но и го сврте вниманието на филмските фестивали по премиерата и наградата во Локарно.

Авантурата во која влезе со снимањето на филмот кој како што и самиот го нарекува „фикција на вистината“, работен според романот „Случај Винча“ на Горан Милашиновиќ, уште од самиот почеток ја следеше голема љубопитност на публиката. Во процесот на создавање на оваа мистериозна сага, и самиот Бјелогрлиќ истражувајќи наишол на интригантни и застрашувачки детали за приказната која не враќа во 1958 година во екот на кризата од Студената војна, кога група на комунистички научници од Институтот Винча во Србија, спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложуваат на смртоносна доза на радиоактивно зрачење од ураниум, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во клиниката Кири во Париз.

Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека нивните денови се избројани. Иако професорот Мате целиот свој живот го има посветено на борбата против нуклеарното оружје и длабоко го презира проектот на кој работеле југословенските научници, тој предлага за прв пат во историјата да се спроведе деликатна и неизвесна интервенција за замена на коскената срцевина на озрачените пациенти. Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или навистина сака да им помогне – станува мачно прашање за југословенските научници.

Сцена од „Чувари на формулата“
Сцена од „Чувари на формулата“

Атмосферата која го следи „Чувари на формулата“ е толку маестрално создадена, што визулената сугестивност ви се вовлекува под кожа. Начинот на да се реконструра времето и просторот каде што се одигрува приказната е мајсторски изведен, со што се добива впечаток дека Бјелогрлиќ апсолутно исплива како водечки режисер кога станува збор за филмови што „талкаат“ во минатото, и засекогаш го засени и Здравко Шотра и сите „мејнстрим режисерски гуруа“ во српската кинематографија. Зрелоста и длабочината на драматуршката разработка на оваа сама по себе интересна приказна, го обликува филмот во издржан авторски производ што може да парира и на европските филмски фестивали а истовремено да најде масовна комерцијална публика.

Споредбите со филмот „Опенхајмер“ заради тематската блискост, можат да бидат соодветни и во силата на реализација и мотивот,  но уште повеќе „Чувари на формулата“ успева да го пренесе автентичниот емоционален контекст – по пат на човечка грешка, можеби и научничка храброст и суета се случува хаварија која води неколку млади луѓе во смрт, но токму тогаш се раѓа хуманоста и надежта за живот.

Сцена од „Чувари на формулата“

Актерите брилијантно ги нијансираат карактерите, со голем потенцијал да ја предизвикаат потребната емпатија кај гледачот, без трошка патетика – од сцена во сцена речиси ја чувствувате истата болка која ја доживуваат на големиот екран при мачната трансплантација на коскена срцевина. Без да испуштите глас или солза, но со впечаток дека сте таму и тогаш.

Со таа иста суптилност Бјелогрлиќ открива ни ја открива и суровоста на високиот политички врв во Југославија преку ликот на Ранковиќ кој и самиот го игра. Слично како кај антологискиот филм на Горан Марковиќ „Вариола вера“ и тука некаде во целиот трагичен настан лебди „сенката на железната рака на политиката“ во Југославија. И сите овие драматуршки контури вклопени во совршен филмски часовник, не би биле толку силни, доколку во преден план не би била ставена таа длабока хуманост и човечност која е носечкиот глагол на филмот.

Можеби целата тајна околу случајот во Винча не е откриена до крај, но филмот ја поставува „формулата“ за акција и реакција која е исконски потребна на светот – животот да ја победи смртта.

„Чуварите на формулата” е уште една успешна копродукциска соработка  меѓу Кобра Филм и Тон Филм од Србија, и Скопје Филм Студио од Македонија, како и Перфо Продукција од Словенија и Битер Фрејмс од Црна Гора, поддржани од националните фондови на овие земји и Еуримаж. Драган Бјелогрлиќ е и продуцент на филмот со Драган Шолак, а копродуценти се Мирослав Могоровиќ, Алеш Павлин, Андреј Штритоф, Томи Салковски, Ѓорѓе Војводиќ и Дејан Чакајац.

Филмската маска е на нашиот Горан Игњатовски.

Македонската премиера на „Чувари на формулата“ беше на фестивалот Киненова каде што беше прогласен и за најдобар филм. Филмот од 9 ноември е на репертоарот низ кината во Македонија.  

 

Драган Бјелогрлиќ филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.