Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рецензија: Роман, „Прави се сите“, Паоло Сорентино: Ролеркостер од искреност, вулгарност и убавина

0
By Ана Василевска on November 5, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 5, 2021 15:31

Режисерот, оскаровец кој брзо ја освои пубиката по филмовите „Големата убавина“, „Младост“, серијата „Младиот папа“, и стана еден од водечките европски режисери, важна уметничка фигура која умешно ја отсликува модерна Европа, сите слабости, девијаци но и суптилни и единстевени ткаења, во својот прв роман кој е издаден во 2010 година, покажува неверојатен книжевен потенцијал.

Неодамна во издание на „Антолог“ од Скопје е објавен првиот роман на режисерот, сценарист и писател Паоло Сорентино насловен „Прави се сите“  (Hanno tutti ragione) во превод од италијански јазик на Искра Димковска. Режисерот кој брзо ја освои пубиката по филмовите „Големата убавина“, „Младост“, серијата „Младиот папа“, и стана еден од водечките европски режисери, важна уметничка фигура која умешно ја отсликува модерна Европа, сите слабости, девијаци но и суптилни и единстевени ткаења, во својот прв роман кој е издаден во 2010 година, покажува неверојатен книжевен потенцијал.

На близу 300 страници од „Прави се сите“, Сорентино ја распослува сета италијанска декаденција како своевиден модерен “Пекол“ на Данте, па минува низ чистилиштето за да стигне до рајот-катарзата.
И не само што овој роман може темелно да се компарира со Данте, тој е и литературен цитат на Чарлс Буковски и Рабле. Без око да му трепне, пишува во прво лице, динамично, прецизно, сетилно и зашеметувачки. Ова е и “on the road“ роман налик на оние од бит генерацијата.

Како што еденствен во филмскиот јазик а сепак остава препознавање кон кинематографијата на неговите сонародници Бертолучи, Фелини, Антоњони, во романот исто така се чувствува влијане од медитаранската -италијанската литература. Сепак, да се одвои неколку скалила погоре или настрана, Сорентино во пишувањето е сосема оригинален исто како и во режијата.

Централниот лик во романот е Тони Пагода, рокенрол звезда. Човек кој одлучил да не загуби ниту еден ден, да оди до крај и кога станува збор за ниските страсти и кога е потребно да се издигне над нив.

Уште со испишувањето на предговорот во кој стои јасно се чувствуваат правилата и рамките кои без отстапка кои ќе ве втурнат во приказната: „Не поднесувам, носталгија, секојдневие, злоба, хиперактивност, булимија, љубезност, меланхолија, потиштеност, интелигенција и глупавост, дрскост, резигнираност, срам, вообразеност, наклоност, лицемерство, ладнокрвнст…..Не поднесувм никого и ништо. Ниту самиот себеси. Особено не себеси, Само едно нешто поднесувам. Нијанси. “

„Прави се сите“ е портрет на човек кој низ животот се пробива со својот талент. Пагода е истовремено оригинален, привлечен, и урнебесен и одбивен.
Низ оние драматични патувања кои ќе го одведат Пагода далеку од Италија, се до Бразил, се открива свет на “нијанисрани“ карактери, изгубени души во свет преполн со искушенија.

„На палубата на траектот, по слатководно, неподдвижно фалшиво море. Сите тројца седнати еден до друг. Молчаливи и потресени, гледаме во празнотијата пред нас. Ништо важно. Но всушност, работите се менува за прв пат. Се чуствуваше во воздухот. Ништо нема да биде како порано. Се насетуваше. Невиноста, од некаде за кратко ќе се збогува со нас, или веќе се збогувала. И со нас и со бароницата. Маичките, поради топлината од нашите врели тела. Ни се беа припиле сосема, како со лепило. Онака како што се прилепил вистинскиот живот“.

Колку што Сорентино е дрзок во портретирње на куриозитетни карактери, софистицирана атмосфера, коментарите кон распаднатите општествени вредности во своите филмови, во романот тоа го прави двојно. Но, есенцијата на неговиот уметнички сензибилитет, сепак да го извади најубавото, да го естетизира грдото е пресудна и во романот “Прави се сите“.
„Се вртам и си заминувам, без да кажам што друго, без да ја погледнам куќата, без да го погледнам градот, без да ја поздравам Саманта, маестро Мимо Репето, никого. Не треба да помирисам ништо за што би можел да ја почуствувам смрдеата на носталгијата што те заковува.“

Во очекување на неговиот најнов филм „Раката на Бог“ во нашите кино сали, романот „Прави се сите“ е вистинско доживување за подлабоко осознавање на уметничкото мајсторство на Сорентино.

Ана Василевска

книга паоло сорентино филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.