Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ревија на народни носии од Скопскиот регион во Музеј на Македонија

0
By Нова ТВ on September 6, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Етно културна манифестација „Ревија на народни носии од Скопскиот регион” се одржа денеска во Музејот на Македонија, како дел од одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, на отворањето на изложбата на ракотворби истакна дека ова е третпат Град Скопје да ја поддржи оваа манифестација.

– Град Скопје поддржува програми, манифестации, трибини, кои имаат за цел да го поттикнат развојот на старите занаети, меѓу кои е и домашното ракотворење, токму преку промовирањето на нашето богато културно наследство и на традицијата, односно на нашиот фолклор, рече Јанчева.

Директорот на Музеј на Македонија, Гордан Николов истакна дека итно е потребно да се заштитите умеењето на  изработката во традиционалните занаети за сите предмети кои имаат етнографска културна вредност.

– Умеењета на изработка,  што претставува нематријално културно богатсто, како традиционалниот вез на пример, не е заштитено и мора итно да се донесат соодветни закони за заштита на нематријалното културно наследство. Музејот на Македонија може да поддржи формирање на центар за негување, зашитита, истражување и промоција на нематеријалното  кулурното наследство, со цел да се заштити умеењето на изработка, а не само предметите. Досега не е доволно направено на овој план и ние, како Музеј на овој начин, прекусоработка со невладиниот сектор и Град Скопје придонесуваме за заштитата на овие културни вредности, рече Николов.

На крајот пред присутните се обрати и Гордана Митровска, претседателка на ЗУР „Арти Крафт“, која го истакна значењето на овој вид манифестации.

Присутните учесници и гости на манифестацијата имаа можноста да ја видат ревијата на 15 културно уметнички друштва од различно етничко потекло, облечени во носии од Скопскиот регион, да ги видат раскошните ракотворби, да вкусат од традиционалните специјалитети и да уживаат во настапот на Виолета Томовска, доајенката на македонската народна музика и богатата програма на манифестацијата на која учествуваа повеќе од 15 културно уметнички друштва.

Ревијата е во организација на Музејот на Македонија во соработка со Здружението на уметници ракотворци „Арти Крафт“ и Град Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.