Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ревизија во Велес и Чашка: Долгови, тужби и паушали за адвокатски услуги

0
By Нова ТВ on June 14, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По објавените ревизорски извештаи за финансиското работење на општините Боговиње, Македонски Брод, Ѓорче Петров, Неготино, Кисела Вода како и извештаите за менаџирање со државното земјиште во општините Битола, Илинден, Петровец, Центар, “Порталб“ ги објавува и последните достапни наоди за работењето на општините Велес и Чашка.

Се користат билоборди а не и се плаќа на општината

И покрај направениот ребаланс на Буџетот на општина Велес, и приходите и расходите во 2017 година значително се „промашени“ или приходите се оствариле само со 49,8% а расходите со 48,1% во однос на планираното. Начинот на кој се менаџирале парите на граѓаните на локално ниво е во фокусот на ревизорскиот извештај за работата на општина Велес.

-Кај приходите значително отстапување во однос на планираното  има кај данокот на наследство, надоместок за уредување на градежно земјиште, приходи од продажба на земјиште…Кај расходите позначително е отстапувањето кај капиталните расходи кои се остварени само со 23,88% и за социјални бенефиции само со 8,08%. И по извршениот ребаланс не се надминати состојбите на неусогласеност, се наведува во ревизорскиот извешатај. 

Градскиот базен се издавал под закуп – закупецот со години не ги подмирувал обврските за што била активирана хипотека на стан за наплата на побарувањата. Биле планирани приходи од надоместок за јавна чистота во износ од 154 000 евра, а во касата воопшто не се слеале пари по овој основ – се дел од наоди во ревизорскиот извештај кој под лупа го стави работењето на општина Велес. 

-За поставување на билбордите и рекламните паноа во Град Велес не е испочитуван склучениот договор од 2010 година поради што е извршена присилна наплата на дел од побарувањата преку извршител. По огласот од 2015 година иако е избран истиот корисник од 2010 година, договоорт не е потпишан а истиот ги користи билбордите и рекламните паноа, не плаќа на општината која пак фактурирала само дел од побарувањата и тоа само по основ на комунална такса и трошок за електрична енергија, наведуваат ревизорите. 

Во евиденцијата на даночното одделение се прикажува побарување по основ на данок на имот во износ од 900 000 евра а во сметководствената евиденција овј долг е евидентиран на ниво од 455 000 евра. Вакви големи разлики во прикажување на побарувањата се регистрирани и кај Данокот на промет, Данокот на наследство и кај Комуналната такса.

Општина Велес е тужена од две фирми и уште двесет и шест физички лица за вкупен износ од околку 200 000 евра а општината се појавува како тужител против три фирми и побарува износ од 45 000 евра.  Ревизорските наоди се однесуваат на работењето на општина Велес во 2017 година кога девет месеци со неа менаџираше тогашниот градоначалник Славчо Чадиев, а последните три месеци на чело на општината е Аце Коцевски.

Се плаќале паушали за адвокатски услуги, побројни привремените отколку редовните вработувања 

Отсуство на веродостојни и комплетни сметководствени документи за финансиски промени и трансакции, неодобрени документи од страна на градоначалникот или друго овластено лице, набавки без спроведени јавни набавки, неевидентирани капитални инвестиции – се дел од наодите утврдени во финансиското работење на општина Чешиново.

-Не е приложена соодветна поткрепувачка документација при исплата на средства кај одделни видови на расходи, како што се : расходи за потрошено гориво, расходи за други материјали – правни услуги, поправка на возила, други договорни услуги, консултантски услуги. Исплатени се средства за привремено ангажирани лица за вршење административни работи, чиј број го надминува бројот на редовно вработените во општината, без да се направи анализа врз основа на која ќе се утврди реалната потреба од нивно ангажирање, наведуваат ревизорите и откриваат дека месечно се плаќал паушал од 2 600 евра за адвокатски услуги без да се утврди потребата за тоа.

Исплатени се средства за адвокатски услуги без да се утврди потребата од ангажирање адвокат со паушал од 161 000 денари месечно во континуитет од три години како и без да се достави доказ за извршената услуга,  пишуваат ревизорите.

Дополнително ревизорите откриваат бројни слабости и во други сегменти на финансиското работење.

-Со ревизијата утврдивме дека не се евидентираат обврски за плата, погрешно се евидентираат инвестиции во тек, за долгорочните кредити не се евидентираат краткорочни обврски кои доспеваат за плаќање во тековната година, погрешно се пресметува амортизацијата на долгорочните средства, нотираат ревизорите.

Финансиските извештаи кои се под лупа на ревизорите се однесуваат на 2017 година, во која до ноември градоначалник бил Горанчо Пановски а од ноември на чело на општината застанал Горан Стојановски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.