Пишува Суад Бегановиќ, Прометеј, Босна и Херцеговина
На 8 март, нападнат е професор доктор Енвер Казаз на неговото работно место. Професорот Казаз е професор по книжевност на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Сараево. Има напишано 16 книги, но е познат како публицист на пошироката јавност.
Порано, за мрежата Балканпрес, известувавме за нападот на новинарот Неџад Латиќ. Овие два напади може да се поврзат. Имено, професорот Казаз е општествено ангажиран и како политички аналитичар, а често е и новинарски присутен во јавниот простор преку својата работа како колумнист. Во јавноста е препознаен како жесток критичар на сегашната власт.
Како и Латиќ, Казаз наидувал на редовни напади во медиумите кои се под контрола на владејачката гарнитура. Самиот потврдува дека во минатото бил мета на системот, секакви обиди, од заплашување до смртни закани. Но, досега не се случило да му биде непосредно загрозен животот поради јавно делување, и да ги познава напаѓачите.
Според исказите на сведоците, Махир Соколија, режимски новинар на магазинот „Став“, кој е добро познат како медиум кој е во служба на владејачката партија СДА, му пришол на професорот Казаз од грб, го фатил за рамо и го повлекол, притоа му се внел во лице и му се заканил дека ќе го „заколи со заби“. Агресивното однесување и посериозен напад спречиле затечените сведоци, вработените во кантината, пред очите на поголем број студенти. И покрај предупредувањето да ја напушти зградата на факултетот, напаѓачот сакал до крај да се пресмеа со стариот професор надвор од факултетските простории.
Енвер Казаз изјави дека презел мерки и пријавил на полициските органи, управата на факултетот и напишал текст за нападот доведувајќи го во врска со својот општествен ангажман и анимозитет кон режимот кон неговите критики.
Понатаму, овој напад доаѓа неодамна по нападот на Неџат Латиќ, што е потврда дека Сараево стана несигурен град за сите критичари на режимот, и дека нападите се повторуваат. Казаз забележува дека само новинар кој е сигурен во покровителството на режимот и неработењето на полициските и истражни органи има смелост да нападне на работно место и да нападне работник на факултетот, што спаѓа во тешко кривично дело. Со тоа се покажува дека режимската нервоза во моментите на криза каква што сега има во СДА не се бираат методи.
Иако во демократските општества за овој напад би морал да биде санкциониран од сопствената новинарска куќа, засега „Став“ не се огласи за инцидентот, а за врачување на отказ не треба ни да трошиме зборови. Се додека не се покаже поинаку, можеме да сметаме дека овој магазин го поддржува својот уредник во неговите тепачки методи.
Бурно е во Босна и Херцеговина во последните денови, полицијата тепа воени ветерани, тренирани боксери напаѓаат новинари, а уредници на режимски медиуми се пресметуваат со угледни професори на нивните работни места. Надлежните органи на власт се однесуваат покровителски кон напаѓачите. Во одбрана на жртвата на режимот стануваат само опозициските партии, без поголемо влијание систематски да ја решат суспензијата на демократијата. Засега, нападот на професорот Казаз го осудија од СДП БиХ.
Сараево од ден во ден се гледа како град во кој владеат мафијашки кланови, а нападите на новинари се добро познати симптоми на суспензија на демократијата и воведување на маскирана диктатура. Чекор по чекор, напад по напад, тоа е јасна порака до сите критичари што им следува доколку ги доведат во прашање центрите на моќ.
Магазинот „Став“ е познат од порано како платформа за отстрел на неиостомислениците. Омилена мета на овој магазин се немуслманите, припадници на други етникуми, како и припадници на сопствениот етникум кои се против СДА. „Став“ не се двоумеше да ги стави на мета воените ветерани кои ја бранеа БиХ, ниту сметаат дека е проблематично да ги инспирираат читателите самите да ги напаѓаат неистомислениците, барем вербално. Последниот напад покажа дека работите ги зеле во свои раце и направиле чекор понатаму.

