Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Режисерот Поповски поднесе оставка од местото претседател на УО на МНТ

0
By Нова ТВ on June 28, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Режисерот Александар Поповски денеска на прес-конференција соопшти дека поднесува оставка од местото претседател на Управниот одбор (УО) на Македонскиот народен театар (МНТ) затоа што, како што рече, неговата работа во тоа тело е сосема бесмислена доколку надлежните институции не се произнесуваат и не реагираат на појавите што се причина за неговото повлекување.

Рече дека со в.д. директорката Симона Угриновска заедно се обидуваат, но попусто, да направат нешто за подобро функционирање на театарот.

„Речиси една година откако е формиран овој Управен одбор се’ уште нема ниту блага назнака за тоа кога би се распишал конкурс за нов директор. Ова не’ става во ситуација кога почнуваме да спасуваме сезона по сезона без да се воспостави јасна визија што сакаме со оваа куќа која треба да биде огледало, носител и пример на драмската уметност во земјата. Една сезона е зад нас и мислам дека е недозволиво уште една сезона да помине со недефинирана мисла и програма“, рече Поповски.

Тој посочи дека не било можно да се назначи уметнички раководител на МНТ во текот на целата измината година поради нејасен статус на работното место на Дејан Пројковски кој по поднесената оставка на местото директор, во систематизацијата на МНТ фигурира и како режисер и како уметнички директор.

„Платата која ја прима е за позицијата уметнички директор, а според решение кое не е одобрено од Управниот одбор фигурира на местото режисер кое не постои“, рече Поповски, додавајќи дека постои проблем во систематизацијата и вработувањата и има, како што рече, безброј нелогичности со што дополнително се парализира работата на МНТ.

Покрај тоа, нивната работа, како што рече, била отежната и од нерасчистена ситуација во однос на моменталните финансиски обврски на МНТ кон добавувачи врз основа на претходно склучени договори за јавни набавки на стоки и услуги и обврски за комуналии за 2017 година. Според него, постои основ на сомневање за ненаменско трошење на средства во износ од 150 илјади евра.

„По барање на Управниот одбор и по независна ревизија на работата побарана од сегашниот в.д. директор Симона Угриновска утврдена е оваа сума од страна на правната служба на МНТ и од страна на независната ревизија. За оваа ситуација го известивме Министерството за култура и службите на МВР. Ние не сме тие кои можат да направат проценка дали во овој случај има злоупотреба и затоа документите ги предадовме на надлежните институции“, истакна Поповски на прес-конференцијата.

Неговата оставка е лична и е во координација со в.д. директорката Угриновска, а четворицата членови на УО (Петар Арсовски, Зоја Бузалковска, Драгана Костадиновска и Нина Николиќ), како што рече Поповски, се согласуваат, но решиле да останат во Одборот и да се борат преку институциите.

„Влегов со искрена намера да помогнам оваа куќа да порасне, но не сакам да бидам дел од нејзиното тонење. Мојата лична оставка нека биде почеток за отворање сериозна дебата за културата во Македонија и повод новиот министер да се заинтересира за оваа состојба. Во културата треба да се мрднеме од местото каде што сме затоа што сега одиме по инерција“, рече Поповски.

На новинарско прашање до в.д. директорката Угриновска кој ќе го замени Поповски на челното место на нивниот УО, рече дека за тоа не одлучува МНТ, туку претседателот и членовите делегирани од Министерството за култура.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.