Роналд Омонгос, 21 годишен рибар од Филипини, е спасен по 56 дена поминати на отворено море, додека неговиот вујко починал.
Двајцата рибари тргнале од Генерал Сантос, на југот на Филипини во јануари, но ги фатило невреме и нивниот рибарски брод е забележан дури на 9 март во Папуа Нова Гвинеја.
Медиумите пренесуваат дека двајцата рибари немале храна и дека Омонгос го чувал телото на починатиот вујко на бродот се додека не почнало да се распаѓа.
Омонгос преживеал само со два канастри од по пет литри вода.