Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Риека, Истанбул, Будимпешта – голем интерес за изучување на македонистиката

0
By Соња Крамарска on July 24, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во лекторатите на универзитетите во Риека, Истанбул и Будимпешта интересот за изучување на македонистиката е огромен, вели директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Весна Мојсова-Чепишевска.

Минатата година, на Универзитетот во Риека, македонскиот јазик го изучувале седумдесетина студенти, а на Истанбулскиот универзитет, на различни нивоа, бројот на студентите бил дури шеесет, додека за понатаму, може да се очекува да биде и значајно поголем, имајќи предвид дека од следната академска година, можност за изучување на македонистиката ќе имаат сите студенти на Универзитетот, а не само оние коишто студираат на Факултетот за литература. На Универзитетот во Будимпешта пак, минатата година, наставата по македонски јазик ја следеле триесетина студенти.

„Во сите учесници на летните, а од минатата година и на зимските школи, како и во сите професори, предавачи, лектори, преведувачи, студенти кои ги изучуваат македонскиот јазик, литература и култура надвор од нашата земја, ги имаме најголемите културни амбасадори, поддржувачи и верни пријатели. Ние веруваме во нив и во нивната мисија да продолжат во духот на досегашната дејност, а тоа е создавање пријатели и лобисти за Македонија кои ќе ги пренесат и ќе ги претставуваат македонскиот јазик, литература и култура во своите земји, па и пошироко во светот“, додава директорката.

Таа во интервју за списанието на Заедницата на Македонците во Хрватска „Македонски глас“, откри дека годишно над 250 странски студенти го изучуваат македонскиот јазик.

„За нас како Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, и за УКИМ под чија капа е Семинарот, но и за целата држава, сите лекторати се влијателни. Зашто ако се земат предвид сите, се доаѓа до една неверојатна бројка од над 250 студенти годишно што го изучуваат македонскиот јазик, литература и култура, на додипломски и постдипломски студии“, нагласува Мојсова-Чепишевска.

Изучувањето на македонскиот јазик и македонистиката, датира уште од поодамна. Во Лекторатот во Москва е при универзитетот „Ломоносов“ наставата по македонски јазик како главен предмет се изведува од академската 1975/76 година под водство на  академик Рина Усикова. По нејзините стапки продолжија извонредните македонисти, академик Ала Шешкен и проф. д-р Елена Верижникова и заради нивната посветеност и висока професионалност расте овој исклучителен македонистички центар.

На Катедрата по македонистички студии во Париз, пак, при познатиот Национален институт за ориентални јазици и култури (ИНАЛКО) е еден од најстарите лекторати по македонски јазик. Во академската 2023/24 година ќе се одбележи голем јубилеј – половина век македонистика на ИНАЛКО, каде што денес македонскиот јазик се изучува и на додипломските и на постдиломските студии, вклучително и на докторските студии, под раководство на проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро, која истовремено е и директорка на Школата за докторски студии при ИНАЛКО, открива Мојсова – Чепишевска.

Инаку, во август, во Охрид ќе се одржи 55. Летна школа за македонски јазик, литература и култура, на којашто се очекува учество на голем број странски слависти и македонисти, а потоа, во септември ќе се одржи и 49. Меѓународна научна конференција на македонистите при УКИМ. (Р.Н.)

македонистика македонски јазик странски студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.