Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рикер: Не можат САД да го решат името

0
By Нова ТВ on July 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Има напори од страна на меѓународнатa заедница за поддршка на Грција и Македонија во однос на решавање на прашањето за името, вклучително и од САД. Ние сакаме тоа да се случи и даваме поддршка на овие напори, иако не можеме да донесеме одлуки за нив. Не можеме ние да постигнеме договор за овие земји, тоа е нешто што Грција и Македонија треба да го сторат заедно, изјави заменик-помошникот на државниот секретар на САД задолжен за земјите од Западен Балкан, Филип Рикер, што го истакна на денешниот брифинг во Брисел.

– Нимиц даде нов предлог. Да, се согласувам дека ниту еден предлог не е перфектен, но поентата од предлозите е тие да се искористат како база за ангажман и преговори за да се најде решение. Примерот со Белград и Приштина од тоа како ЕУ го олеснуваше дијалогот, треба да се искористи како база околу која се придвижуваат работите напред. Другите треба да најдат решение на своите проблеми и несогласувања. Во однос на Србија и Косово, Европскиот совет јасно презентираше во заклучоците на Самитот во декември што треба да се случи за процесот да се движи напред. На таа база двете страни работеа низ дијалогот. Нимиц претстави предлог, кој може да се искористи од Грција и Македонија да најдат решение и како што и од ЕУ истакнаа многупати досега, и ние во Вашингтон, сите се надеваме дека ќе го сторат тоа – посочи првиот човек на американската администрација задолжен за Западен Балкан.

Рикер изјави дека имало редовни консултации за да се обиде меѓународната заедница Македонија да се придвижи напред.

– ЕУ и комесарот Филе работат екстремно напорно по настаните во декември 2012 година, вклучително и на договорот од 1 март, за да се обидат да се справат со проблематичните настани во Собранието на Македонија и гледам придвижување во однос на тоа прашање и ќе гледаме што ќе излезе од сето тоа. Ние ќе продолжиме да ги повикуваме двете страни, Македонија и Грција, да ја искористат оваа можност, да се фокусираат на тоа што е вистинско прашање, а не да бидат вовлечени во прашања што никогаш не ни биле вклучени. Нашата порака и надеж е дека ќе видиме прогрес во таа насока. Секој чекор е важен и се надевам дека ќе има наскоро промена во ова, оти поминаа многу години и сакаме да видиме Македонија да не стагнира во време кога регионот се движи напред – дециден е Рикер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.