Заменикот помошник-државниот секретар на Стејт Департментот Филип Рикер, на денешната средба со лидерот на СДСМ Заев и потпретседателката Шеќеринска ја потцртал важноста од решение за името, кое би го отворило процесот на евроинтеграции, дознава НОВА. На средбата бил присутен и американскиот амбсадор Пол Волерс.
Рикер порачал дека се потребни се храбри одлуки за името, по моделот на разрешувањето на спорот на релација Косово- Србија, пример кој е значаен за целиот регион. За вакви потези се потребни државнички вештини, кои би го потткнало населението да ја сфати важноста од исправноста на решението. Идентитетот не е дел од решението за името, додал Рикер.
Заев и Шеќеринска го информирале Рикер и за неодамнешните инциденти во Општина Центар.