Десетици илјади демонстранти протестираа против мерките за штедење од саботата попладне до ноќта во Рим, а полицијата во италијанската престолнина употреби солзавец во инцидентите.
Стотина демонстранти се судрија со полицијата во близина на италијанското министерство за финансии а еден излог од банката Уникредито бил уништен. Друга група, пак, фрлала јајца врз министерството за економија.
Полициските сили се обиделе да ја контролираат толпата, но демонстрантите одговориле со фрлање шишиња, молотови коктели и петарди кон полицијата, којашто пораи тоа употребила солзавец.
Според италијанските медиуми, во судирите е повреден еден полицаец, а 15 демонстранти, меѓу кои и странци, се приведени. Агенцијата Ansa пренесува дека на во судирите учествувале екстремисти од разни анархистички групи од Франција, Германија, Грција, земји од северна Европа и други држави.
Пред почетокот на протестите биле уапсени четиринаесет демонстранти. Полицијата притоа запленила, синџири, шлемови, бејзбол палки и нож.
Поради паролата „Ќе го заземеме градот”, полицијата ангажираше речиси четири илјади полицајци пред почетокот на протестите, а илјадници продавници и други објекти во Рим беа затворени и заштитени со метални ролетни.
Со истите повици поворката во којашто имало многу студенти кои се противат на буџетските кастрења и социјалната цена на економска криза во Италија, мина низ центарот на Рим.
Според организаторите на протестите, имало најмалку 70 илјади демонстранти, додека пак полицијата известува дека имало најмногу 50 илјади активисти за правата на имигрантите, за правата на домување, како и противниците на изградбата на линијата за брзиот воз од француски Лион до италијански Торино. Меѓу последната наведен група демонстранти којашто се нарекува здружение No-TAV (Не за супербрзиот воз или на италијански treno alta velocita), беше и познатиот италијански писател Ери Делука, кој неодамна ја запрепасти јавноста кога јавно се изјасни за саботирање на тој план.
Ситуацијата во Рим и во текот на ноќта беше тензична. Поради ставувањето дека провокациите ќе продолжат, зајакнати се безбедносните мерки на приодите во Рим, околу министерствата и владините институции, како и голем број улици во центарот на градот.