Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

РИО 2016: Најголемиот празник на светот вечерва на вашите екрани

0
By Светлана Јовановска on August 5, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ноќва на екраните на сите светски телевизии ќе се емитува најголемиот празник на светот – отворањето на првите Олимписки игри во Јужна Америка во Рио де Жанеиро во Бразил.

Бразилците барем за неколку дена ќе можат да ги заборават нивните проблеми, политичката и економска криза и корупциските скандали во земјата.

Организаторот на оваа фешта, бразилскиот режисер Фернандо Мејрелес вели дека оваа “церемонија треба да биде најголемиот анти-депресив за Бразил”.

Двестотини и седум делегации ќе дефилираат во 20 часот по бразилско време или во 1 часот по полноќ во Македонија.

Марко Билич, италијанскиот организатор на церемонијата им довери на новинарите дека таа ќе биде поделена во три дела: едниот посветен на трајниот развој, вториот ќе го носи називот “градината на светот” ве чест на амазонската џунгла и третиот ќе биде посветен на методот “направи сам”. Според Билич, церемонијата нема да биде ексцентрична како во Лондон ниту пак грандиозна како во Пекинг, но ќе биде полна со емоции за да го допре секој кој што ќе ја гледа. “Тоа е бразилската порака што сакаме да ја испратиме”, вели Билич.

Се разбира во Бразил мора да има убава музика и ќе одекнува официјалната песна на Олимпијадата “Душа и срце”.

https://www.youtube.com/watch?v=eFGCIkUcGtM

Во 2009 година Рио успеа да ја добие организацијата на Олимписките игри. Во тoа време во Бразил економските параметри беа на високо ниво и Бразил сакаше Олимпијадата да биде додадената вредност која ќе ги покаже најубавите страни на оваа голема и убава земја. Истовремено, за Рио, град со над 6 милиони жители, тоа беше можност да се модернизира и да направи нова инфаструктура.

Од тогаш до денес властите во овој град потрошија 4 милијарди евра за олимписките инсталации и организацијата на кои треба да се додадат 6,7 милијарди евра за разни градби помеѓу кои најголем дел отиде на транспортот.

Терористичка закана и во Рио

На неколку часа пред церемонијата, работите на инсталциите се уште не се сосема завршени, јавуваат светските агенции. Градоначалникот на Рио ги советуваше граѓаните што е можно помалку да излегуваат од дома, ако е можно за време на целото траење на Олимпијадата. Проблемот е во тоа што сообраќајните гужви во Рио се секојдневие па властите стравуваат дека многубројните гости дојдени на Олимпијадата нема да можат да се движат.

Олимпијадата во Рио е жртва на огромната рецесија во која влезе земјата во 2015 година со пад на бруто приходот од 3,8 отсто. На ова се надоврза процедурата за импичмент на престедателката Дилма Русеф која е обвинета за корупциски скандал.

Русеф нема да ја отвори Олимшијадата а инаугуративниот говор ќе го прочита Мишел Тремер, интерим претседател на државата. Истовремено, две големи анти Тремер демонстрации се предвидени во Рио.

Друг голем проблем е терористичката закана. Бразил е во тој поглед ранлив како и било која друга земја, призна бразилското министерство за одбрана.

Според новинарите присутни на Олимпијадата, очигледна е разликата помеѓу обезбедувањето во Рио и она на претходната Олимпијада во Лондон пред 4 години.

Бразил сериозно ја сфаќа оваа закана и безбедносните мерки се зајакнати особено по нападот во Ница. Околу 85.000 војници и полицајци се задолжени за безбедноста на учесниците и гледачите во наредните петнаесетина дена.

Македонска делегација

mkd-276111

И Македонија се разбира има своја спортска делегација во Рио. Не сме многубојни но веруваме дека ќе бидеме успешни.

За Бразил отпатуваа Нина Балабан (спортско стрелаштво 10 м. воздушна пушка), Анастасиа Катерина Богдановски (пливање 200 метри слободно),  Катерина Николоска (џудо – 63 кгр), Марко Блажевски (пливање 200 метри мешано), Ристе Пандев (атлетика 100 метри) и  Дрита Исљами (атлетика 400 метри со пречки).

Македонското знаме на вечерашната церемонија на отварање на игрите ќе го носи Анастасиа Катерина Богдановска.

Рио 2016
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.