МОН под ниту еден притисок, ниту волја и желба или, пак, било каков проект финасиран од било кого нема да дозволи насила вметнување на определен учебник во рамки на образовниот процес, ја пренесуваат македонските медиуми изјавата на министерот за образование Спиро Ристовски по иницијативата на НВО ХЕРА за воведување на сексуално сеопфатно образование во образовниот процес.
Според него, оваа иницијатива нема поддршка од граѓаните, што се покажа со собираните само 2.801 потпис, што е само еден отсто од вкупниот број на родители и ученици.
– Граѓаните не прифаќаат да се учи по дополнителен учебник кој што си го изготвила извесна невладина организација во услови кога постои веќе изработен Прирачник за животни вештини од страна на МОН во соработка со УНИЦЕФ, во кој се содржани доволно елементи кои се однесуваат на сексуалното образование на младите, процесот на репродукција и создавањето на семјество, рече Ристовски во одговор на новинарско прашање по поптишувањето Меморандум за соработка со Ешриџ Бизнис Школата од Велика Британија.
Нагласи дека делумно нечесно било што на листот на којшто се потпишувала иницијативата имало и втора точка – да се употреби нечив учебник за сексуално образование, што само по себе ќе придонесело иницијативата да биде неуспешна и доколку ја поптишеле поголем број на граѓани.