Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ристовски им се нафрли на младите дека не сакаaт да работат

0
By Нова ТВ on May 20, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

(Легенда за графикон: Невработеноста кај младите (15-24 години) и долгорочната невработеност (подолга од 12 месеци) се драматично зголемени. Трет квартал 2008 – црна боја, трет квартал 2011 – жолта боја. Графикон ВИМЕС, извор Еуростат)

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, вината за високата невработеност кај младите ја гледаат и во недостигот на иницијативност и ангажман од страна на овој дел од популацијата, кој бара работа.

– Невработеноста како проблем кај младите генерално е проблем не само во Македонија, туку и во Европската унија. Не ја прифаќам констатацијата дека во Македонија тешко може да се најде работно место, туку е проблем да се ангажираат дел од луѓето да прифатат да бидат работно ангажирани. Факт е дека голем број граѓани одбиваат и пребираат работни места. Јас не велам дека секој треба да прифати да биде работно ангажиран на несоодветни работни места, но очекувам многу поголема активација, пред сѐ кај младите во борбата за добивање на што подобро и поквалитетно работно место, рече министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој говореше на јавната дебата посветена на начините како да се намали младинската невработеност.

Директорот на Агенцијата за вработување, пак, Влатко Поповски, се согласува со ставот оти на голем дел од невработените, меѓу кои и младите им недостига амбиција и самоиницијативност.

– Многу млади луѓе се многу крути во своето барање. Бараат место во својот образовен профил, иако за тоа немаат соодветно работно искуство кое би го покажале кај работодавачите – рече Поповски.

Стапката на невработеност кај младите од 15 до 24 години на крајот од 2012 година изнесуваше 53 отсто, според податоците на Државниот завод за статистика (Adobе Acrobat датотека за преземање – страница 5) и таа е убедливо најголема во Европа.

На горниот графикон објавен од страна на Виенскиот институт за меѓународни економски студии (ВИМЕС), за периодот од третиот квартал во 2011 година, се гледа дека ниедна европска држава нема олкава голема невработеност кај младите.

Најблиску до Македонија се Словачка со 33 отсто и Летонија со 32 отсто. Но, овие стапки се смета дека се производ на светската рецесија и европската должничка криза. Пред ова, тие стапки биле далеку помали и во третиот квартал од 2008 година предничела Унгарија со 21 отсто невработеност кај младите.

Со одминувањето на кризата може да се очекува невработеноста кај младите во Европа донекаде и да се стабилизира. Но, Македонија, за жал, со својата висока невработеност кај сите сегменти од општеството, е сосема поинаква приказна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.