Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ривалите до Мицкоски: Не те избра Заев, за да се правдаш со него

0
By Нова ТВ on February 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обидот на се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски да го избегне соочувањето со делегатите кои го избраа на 16-от Конгрес, преку закажување на редовен конгрес во ноември, е поигрување со партијата и со сите членови кои ги овластија делегатите во Валандово да му го доверат водството, поеачуваат од Иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

-Христијан Мицкоски нема капацитет и не ужива доверба меѓу членовите на партијата, а уште помалку меѓу неутралните граѓани. Христијан Мицкоски ќе му донесе уште еден пораз на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, исто како што донесе порази и на претседателските и на парламентарните избори. Мицкоски успеа да го изгуби и второто место по популарност паѓајќи на трето зад лидерот на Левица, Димитар Апасиев.Политичар со толкав негативен рејтинг не може да очекува победа.

ВМРО-ДПМНЕ не може веќе да си дозволи таков луксуз да биде водена од човек кој ја влече надолу и стимулира нови поделби и расправии.На ВМРО-ДПМНЕ и треба сплотеност и решителност во реализација на стратешките цели. На ВМРО-ДПМНЕ и треба вонредниот 17-ти конгрес на кој што ќе се преиспитаат политиките водени од Мицкоски овие три години и ќе се зацртаат насоките во кои партијата ќе се врати на победничките патеки. На ВМРО-ДПМНЕ и треба итна промена за да се влезе со нова енергија на локалните избори.

Се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски не беше избран од Зоран Заев во Валандово. Тој беше избран од чесни и искрени членови на партијата кои веруваа во неговата агенда. Истите тие членови кои во партијата се подолго од него, сега бараат да им даде отчет за тоа што исполноил од ветеното. Тоа не го бара Зоран Заев. Настапите под диктат на Мицкоски со кои се прави обид да се омаловажат делегатите што го избраа, повеќе говорат за неговиот карактер и за тоа во каква беда и расправии ја турка партијата. Навредите дека делегатите кои го избрале се отпадници, покажуваат дека Мицкоски нема никаков респект кон сопартијците кои му верувале и дека е подготвен на најдолна реторика и највалкани игри само за да ја сочува функцијата.

Мицкоски не беше избран на приватна забава и делегатите од конгресот кој го избраа не организираат приватна забава на 28 март, туку состанок на кој што ќе се расправа и одлучува за најважните прашања кои ја засегаат партијата и државата.
ВМРО-ДПМНЕ не е, ниту смее да биде претворена во приватна сопственост на Мицкоски.

Иницијативниот одбор ги осудува навредите нарачани од страна на исплашениот Мицкоски. Иницијативниот одбор ги повикува и оние делегати кои сеуште се премислуваат да ја видат реалноста и да се соочат со фактот дека Мицкоски нема капацитет да ја води партијата и да победи на избори. Иницијативниот одбор ги повикува делегатите кои се премислуваа да се приклучат во организацијата на вонредна седница на конгресот, стои во реакцијата на Иницијативниот одбор за свикување нов конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.