Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ривалите ја нарекоа конфузна „пинг понг“ стратегијата на Мицкоски за името на Македонија

0
By Нова ТВ on February 13, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сѐ уште актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е конфузен и постојано зборува различни работи во зависност од ситуацијата и соговорникот. Тоа што Мицкоски нема автентична политика и често ги менува ставовите се одразува на неговиот личен  рејтинг, а што е уште поважно ја влече партијата надолу.

На 10 јули, пет дена пред изборите кога мислеше дека има некаква поддршка за да победи и да формира влада, го призна сменетото име на институциите.

„Ние би биле лицемери ако ја игнорираме реалноста. Како и секогаш, велам дека не можеме да ја игнорираме реалноста, бидејќи учествуваме на избори и сме дел од влада на која стои новата придавка. Имаме учесник во таа Влада со новата придавка и зема плата. Би бил лицемерен, ако кажам дека тоа не е така. Ќе излезеам несериозен ако речам дека ова е фикција, а ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија“, изјави тогаш Мицкоски во интервју на Телма.

Сега, седум месеци подоцна Мицкоски се обидува да ја игнорира реалноста која што ја признаваше и да испраќа писма до Собранието не прифаќајќи го променетото име.

„Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот е дека не постоела институцијата Собрание на Република Македонија. Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува,“ напиша Мицкоски пред неколу дена на неговиот фејсбук профил.

Дали Мицкоски лажел во јули кога се надевал на поддршка од меѓународната заедница велејќи дека ја признава новата реалност или лаже сега кога не ги признава новите официјални имиња на институциите?

ВМРО-ДПМНЕ и делегатите кои го избраа заслужуваат Мицкоски да им објасни кога лажел. Дали станува збор за тенденциозна манипулација или станува збор за политички дилетантизам кој го препознава јавноста. ВМРО-ДПМНЕ не смее повеќе да биде заложник на манипулациите на Мицкоски.  Неопходно е сплотување на партиските структури преку вонреден конгрес и искрена дискусија за причините за сите порази со кои се соочивме овие три години.

Иницијативата ги повикува сите делегати кои гласаа за Мицкоски да дојдат на 28 Март на вонредниот 17 конгрес во Скопје и да дискутираат за иднината на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ веќе не смее да си го дозволи луксузот и да загуби нови изборни циклуси, оставајќи ги проблемите и нерасчистените прашања под тепих, порачаа од Иницијативниот одбор за свикување нов конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

извор: независен.мк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.